1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин и натаму ја има поддршката од мнозинството

Рускиот премиер и кандидат за претседателските избори во 2012-та, Владимир Путин и натаму ја има поддршката од мнозинството Руси и покрај демонстрациите против неговото владеење, вели неговиот портпарол Дмитри Песков.

default

Рускиот премиер Владимир Путин

„Како политичар и кандидат за претседател Путин и натаму ужива поддршка од мнозинството во земјата“, изјави Песков за новинската агенција Франс Прес, во првиот официјален коментар по вчерашниот голем протестен собир во Москва против наводниот изборен фалсификат и владеењето на Путин.

Песков изјави дека вчера било слушнато мислењето на демонстрантите.

„Ние го почитуваме тоа. Луѓето кои излегоа на улиците се многу важен дел од општеството, но тие сепак се малцинство“, додаде портпаролот на Путин.

Protesten in Russland Moskau 24.12.2011

Путин беше во фокусот на критиките на вчерашниот митинг

Претседателски кандидат без конкуренција

Учесниците на протестите под потото „За чесни избори“ вчера побараа одржување нови избори во земјата, оставка на претседателот на Централната изборна комисија Владимир Чуров и казнување на одговорните за кражбата на гласови.

Според проценките на полицијата, на вчерашниот собир во Москва излегле околу 30 илјади луѓе, додека проценката на организаторите беше дека на него присуствувале околу 120 илјади.

Песков додаде дека е очигледно оти Путин е претседателски кандидат без каква било конкуренција. Претседателските избори во Русија треба да се одржат на 4 март наредната година.

Автор:СН/ЕМФ/афп/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска

DW.COM