1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин и кинеските партнери не го менуваат ставот за Сирија

Кина и Русија и натаму се против воена интервенција во Сирија. Двете земји подвлекуваат дека мировниот план на Кофи Анан е единствениот пат за надминување на конфликтот.

„Двете страни се против странска интервенција во Сирија и против принудна смена на режимот“, соопшти денеска кинеското министерство за надворешни работи. Кратко пред тоа рускиот претседател Владимир Путин пристигна на разговори во Пекинг.

Сирискиот конфлкт би морал да биде разрешен преку преговори меѓу различните групи во земјата, дополни портпаролот на министерството. „Кина и Русија на свој начин играа позитинва улога во сириското прашање“.

Двете земји подвлекуваат дека мировниот план на специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан е единствениот пат за надминување на конфликтот. Кина и Русија веќе блокираа две резолуции за Сирија во Советот за безбедност на ОН.

Сириските бунтовници во меѓувреме се откажаа од мировниот план. Тој предвидува положување на оружјето, меѓутоа по неговото стапување во сила од 12 април, постојано се прекршува. Анан в четврток ќе поднесе извештај до Советот за безбедност на ОН. Во судирот кој трае веќе 15 месеци,според податоци на ОН досега животот го загубиле 10.000 луѓе.