1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин „игра“ на носталгија по Советскиот сојуз

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се враќа на симболите и традициите на Советскиот сојуз. Сега тој планира повторно воведување на орденот „Херој на трудот“.

Признанието влегува во редот на највисоките во Русија и треба да ги потенцира значењето и престижот на самопрегорната работа .

Во индина „ посебните работни постигања“ ќе бидат вреднувани од државата и од народот, ако придонесуваат за „обезбедувањето на благосостојбата и растежот на Русија“, се вели во декретот потпишан од Путин. Кремљ го објави документот според кој „хероите“ освен посебната плакета ќе добиваат и медал од злато со тежина од 15,25 грама.

Признанието се покажа како корисно во минатото, изјави Путон во Москва. Првично, тоа потекнува од времето на диктатурата на Јосиф Сталин. Орденот (на насловната фотографија) беше доделуван од 1928 година. По 1938 година признанието беше наречено „Херој на социјалистичкиот труд“, наслов кој беше познат и во поранешната Германска Демократска Република. Тоа во Русија беше укинато во 1991 година.

Критичарите одамна го обвинуваат Путин за желбата државата повторно да ја уреди по примерот на Советскиот сојуз. Во средината на март Путин „извади од фиоките“ уште нешто што припаѓаше на сталинистичкото време-спортската програма за младите ГТО, што порано значеше „готовност за работа и одбрана на Советскиот сојуз“. Шефот на државата го образложи потегот со видливо влошената телесен состав и кондиција на руските деца.

Russland Putin Sport Judo

Путин во регионален центар за џудо каде вежбаат деца под мотото - во здраво тело здрав дух

Путин во меѓувреме очигледно се труди да создаде нова база на моќ на неговата партија „Единствена Русија“, која станува се‘ понеомилена меѓу народот. На средбата со новоформираниот од него „Народен фронт“ во Ростов на Дон, тој даде повеќе популарни ветувања за подобрено згрижување на децата -сираци, за подобра настава по историја, па се‘ до ограничувања во исплатите на отпремнините на менаџерите.

Портпарол на „Народниот фронт“ појасни дека не постои намера организацијата да се трансформира во партија. Но, движењето сепак може да создаде нова основа за моќта на Путин. Зашто, половината од 450 пратеници во Думата во иднина ќе бидат одредувани преку регионални предизбори. Следбениците на Путин така можат да стартуваат ако некој начин имаат поддршка во некоја регионална платформа.