1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин заминува - за веќе утре да се врати во врвот на власта!

Владимир Путин денеска му ја препушти функцијата претседател на Дмитриј Медведев, а веќе утре екс-претседателот ќе стане нов премиер на Русија. Пред да ја промени фотлјата, Путин ги набележа идните задачи на власта.

default

Медведев и Путин

Недела на сјај и слава за Русија: денеска смена на врвот на државата, утре досегашниот силен човек од Кремљ ќе стане премиер, задутре Русија со традиционалната воена парада по повод денот на победата над фашизмот во Втората светска војна ќе ја демонстрира својата обновена моќ.

Во понеделникот Путин се прости од кабинетот, на членовите на владата им се заблагодари за соработката во изминатите осум години и напомна: „И покрај растечката благосостојба во земјата, не треба да се опуштиме врз стекнатото богатство, туку треба да ги реализираме поставените задачи“.


Путин ги наведе и идните задачи


Путин и поконкретно ги набележа идните, како што рече, „нови, обемни и сериозни задачи“ пред кои стои Русија: изградба на иновативно стопанство и подигање на ефикасноста на раководењето со државата, зацврстување на пензискиот систем и креирање нова политика на социјален развој. „Секоја од тие задачи непосредно ги засегнува судбините на милиони наши граѓани. На работата врз долгорочна развојна стратегија на Русија мора да и’ пријдеме крајно одговорно и да наметнеме егзактно спроведување на задачите што ќе ги поставиме“, нагласи досегашниот претседател на Русија. „Убеден сум дека вие сте подготвени на тоа и дека ќе ги постигнеме нашите цели. Се разбира, би сакал и да му пожелам многу успех на Дмитриј Медведев“, рече Путин пред членовите на владата.


►◄