1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин го критикува американскиот антиракетен штит

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во официјална посета на Виена го критикуваше американскиот план за поставување одбрамбен ракетен систем во Источна Европа, оценувајќи го како контрапродуктивен. Рускиот претседател смета дека тоа би водело само во нова трка за вооружување. Во Варшава денеска и официјално започнуваат преговорите со САД за разместување на воените бази во кои би биле поставени системите за антиракетниот штит.