1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Путин во Ерусалим ја бранеше соработката на Русија со Сирија и Иран

До пред не многу долго време беше сосем невозможно руски претседател официјално да го посети Израел, затоа ова претставува клучна точка во односите меѓу двете земји – истакна Владимир Путин денеска во Ерусалим. Неговата посета доаѓа во предвечерјето на одбележувањето на 60-годишнината од крајот на Втората светска војна – на свеченостите во Москва ќе учествува и израелскиот претседател Моше Кацав. Во с

Израелскиот претседател Моше Кацав го пречека и поздрави Владимир Путин, прв руски претседател воопшто во посета на Израел

Израелскиот претседател Моше Кацав го пречека и поздрави Владимир Путин, прв руски претседател воопшто во посета на Израел

�едиштето на вниманието при оваа посета сепак се актуелните прашања во врска со ситуацијата во регионот.

Сеќавањето на 2-та светска војна е обврска за обете земји да постапуваат против омразата и нетолеранцијата, истакна Путин. Со тоа се согласи и неговиот домаќин, израелскиот претседател Моше Кацав, кој на заедничката прес-конференција го нагласи интересот на Израел за поблиски односи со Русија: „Еврејскиот народ вечно ќе се сеќава на улогата на Црвената армија во победата над нацистите. Ние се сеќаваме и на поддршката од Советскиот сојуз при формирањето израелска држава во 1948-ма година, во една критична фаза за еврејскиот народ. Нас не обврзува заедничката одговорност да постапуваме против растечкиот антисемитизам и убиствениот терор, кој им се заканува на сите демократски држави. Нас не обврзува и одговорноста на луѓето да им создадеме можност да живеат слободно и без страв од терор. Мораме да спречиме теророт да постигне политички успеси“ – рече Кацав.

На политичките разговори денеска во Израел и утре со палестинското раководство во Рамала во фокусот се актуелни теми: ситуацијата на Блискиот исток, претстојното повлекување на Израел од појасот на Газа и од северниот дел на Западен Јордан, како и воопшто решението на израелско-палестинскиот конфликт. Русија сака да го засили и прошири своето влијание во тој регион, недвосмислено стави на знаење Путин во Ерусалим. „Според наше мислење сега има шанса да се смири долгогодишниот конфликт меѓу Израелците и Палестинците. Сметаме дека клуч за тоа е спроведување на последните договори“.

И покрај пријателските зборови меѓу Кацав и Путин, на првата посета воопшто на еден руски претседател во Израел се гледа со измешани чувства. Владата никако не е заинтересирана за посилен ангажман на Москва во блискоисточниот мировен процес. Таа многу повеќе е загрижена поради соработката на Русија со Иран и Сирија: ракетите со краток дострел, што Москва сака да и’ ги испорача на Сирија, би можеле да стигнат во рацете на терористи и да бидат употребени против Израел. Путин во интервју за израелската телевизија рече дека зделката е веќе договорена работа и оти ракетите не претставуваат закана за Израел. Тие биле погодни само за противвоздушна одбрана и треба да го штитат воздушниот простор над Дамск од навлегување туѓи авиони. Ракети со долг дострел не и’ биле испорачани на Сирија и, како што рече Путин, тој лично го забранил тоа. На Иран Русија само му помага во мирољубивото користење на атомската енергија, нагласи Путин.