1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин во Ватикан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе оди кај Папата Бенедикт 16 во Ватикан. Ова е нивна прва средба. И овојпат се очекува од православниот претседател да стори нешто повеќе за приближувањето на односите меѓу Ватикан и православната црква. Сепак примарна цел за патувањето на Путин е посета на Италија, каде ќе се одржат четвртите руско-италијански владини консултации.

Владимир Путин

Владимир Путин

Ова не е прва посета на Путин во Ватикан, но ќе биде негова прва средба со германскиот Папа Бенедикт 16. За средбата се врзуваа големи очекувања имајќи го предвид и напредокот во претпазливото приближување меѓу Ватикан и православната црква. Но, официјално ова е само протоколарна средба за запознавање на Путин со новиот Папа, во рамките на неговата посета на Италија.

Се појавија и информации дека Путин во Ватикан ќе го донесе и митрополитот Кирил. Тој, во руската патријаршија е задолжен за надворешни односи. Но, во меѓувреме руската православна црква јасно даде до знаење дека на средбата треба да се гледа како на политичка, а не како на религиозна. Поради ова веројатно митрополитот Кирил нема да патува за Италија.

Со секоја посета на Путин на Ватикан, до сега се врзуваше надеж дека претседателот ќе може да го отвори патот за средба меѓу римскиот Папа и рускиот Патријарх Алексеј Втори. Путин радо се покажува како православен верник, но веројатно имајќи обзир кон православната црква, ниту еднаш не го покани во Москва, претходникот на Бенедикт, Папата Јован Павле Втори, иако имаа две официјални средби,.

За разлика од него, неговите претходници Јелцин и Горбачов го поканија папата во Русија. Но, тоа не помогна да се случи средба меѓу поглаварите на двете цркви.

Напротив за такво нешто, проценуваат аналитичарите потребно е уште многу време.

На кусата средба меѓу Путин и Папата, денеска е најавено дека ќе се разговара и за актуелните политички проблеми во светот – на агендата се мировниот процес на Блискиот Исток, борбата против тероризмот и приближувањето на религиите.

Путин вусшност доаѓа во официјална посета на Италија. Тој утре патува во јужниот град Бари каде започнуваат четвртите италијанско-руски владини консултации. Во рамките на оваа средба се економски прашања како снабдувањето со енергија и билатералната економска размена. Според најавите треба да се потпише и договор за влез на италијанскиот енергерски концернт ЕНИ во руски Газпром.