1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин – Буш

*

Денеска во Кенебанкпорт, во САД, продолжуваат неформалните разговори меѓу американскиот и рускиот претседател Џорџ Буш и Владимир Путин. На свечената вечера синоќа присуствуваа и шефовите на дипломатијата Кондолиза Рајс и Сергеј Лавров. Средбата во летната резиденција на таткото на актуелниот американски претседател Џорџ Буш сениор се одржува без формален дневен ред и преведувачи и во тукуречи „семејна атмосфера„. Денеска главни теми се спорот околу анти ракетниот штит на Американците и иднината на Косово.