1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин бара цврсти докази за Сирија

Рускиот претседател Путин го предупреди Западот да не презема еднострани акции во Сирија, но наведе дека е можно Русија да поддржи резолуција на ОН за воени удари.

Само постоењето на цврсти докази може да ја убеди Русија за употребата на хемиско оружје во Сирија, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за руската телевизија „Прв канал“. Тој сепак остави простор, дека доколку се докаже употребата на хемиско оружје од страна на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, во тој случај Русија би поддржала резолуција во Советот за безбедност на ОН.

„Ќе не‘ убеди темелна истрага на прашањето и присуството на очигледни докази, што убедливо покажуваат кој и што употребувал“, изјави Путин. Дури тогаш Русија ќе биде подготвена да дејствува на решителен и сериозен начин. Ако имаме објективни, точни податоци кој го извршил тоа кривично дело, ќе има реакција, изјави Путин во одговор на американски дописник.

- Ве уверувам дека ќе заземам принципиелна позиција, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека употребата на оружје за масовно уништување е кривично дело.

Во интервјуто пред утрешната средба во Санкт Петербург на врвот на Г-20, Путин рече дека жали за одлуката на американскиот претседател Барак Обама да откаже средба меѓу нив во Москва. Тој изрази надеж дека со Обама ќе имаат сериозни разговори за Сирија и други теми на средбата на Г-20.

Поврзана содржина