1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин-Абас

*

Рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот претседател Махмуд Абас на средба во Москва разговараат околу обновата на дијалогот на палестинските територии. Се очекува Путин да го потврди ставот за поддршка на Абас како единствен легитимен преставник за преговори од палестинска страна. Ова вчера го соопшти министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој ги повика палестинските движења Фатах и Хамас да воспостават дијалог. Абас од своја страна уште еднаш покажа подготвеност за преговори со Хамас, кој го држи под контрола појасот на Газа. Инаку Русија важи за единствениот член на блискоисточниот квартет кој одржува контакти и со Хамас.