1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Пуси Рајот“ тужат пред Европскиот суд за човекови права

Три музичарки на рускиот бенд „Пуси Рајот“ ја тужат Русија пред Европскиот суд за човекови права. Тие сметаат дека им е повредено правото на слободно изразување.

Членките на рускиот панк бенд „Пуси Рајот“, кои речиси една година се во затвор по протестите против рускиот претседател Владимир Путин ја тужат Русија пред Судот за човекови права во Стразбур. По нивната акција во московската катедрала, активистките сакаат да постигнат Русија да биде осудена поради повреда на правото на слободно изразување на мислењето. Ова го соопшти Дмитри Колбасин од органзаицијата за човекови права „Агора“, во Москва.

Музичарките Надежда Т., Марија А. и Јекатерина С. во август минатата година беа осудени поради непочитување на нормите од омраза против верниците.

Музичарките пред Европскиот суд за човекови права сакаат да постигнат, протестаната молитва против Путин да биде сфатена како политичка уметничка акција против „несветата алијанса“ меѓу Кремљ и црквата.

Шефицата на правниот оддел на Руската православна црква Ксенија Чернега изрази сомневање дека Судот за човекови права ќе ја прифати тужбата. „Тие не беа повикани на одговорност поради нивните изјави, туку поради непочитување на нормите“, изјавила Чернега, пренесува московскиот дневен весник „ Комерсант“.

Ширум светот политичари и уметници ја критикуваа осудата на музичарките. Организацијата за човекови права „Амнести Интерншнл“ ги призна Надежда Т. и Марија А. за политички затвореници.