1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Пуси Рајот“ сакаат соработка со Ходорковски

Членовите на панк-групата „Пуси Рајот“ сакаат и натаму да го сменат од власт рускиот претседател Путин. Тие се залагаат за функцијата да се кандидира неодамна ослободениот критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Ослободувањето од затвор на членките на руската панк-група „Пуси Рајот“ за главна цел го имаше подобрувањето на имиџот на Русија пред Зимските олимписки игри во Сочи, изјави денеска Надежда Толоконикова (на фотографијата десно) на прес конференцијата кај интернет медиум во Москва. Толоконикова заедно со својата колешка од бендот, Марија Аљохина, првпат зборуваше за плановите во иднина.

Двете жени, како што изјавија, во прво време нема да учествуваат во директни акции против Кремљ, туку првенствено ќе се ангажираат за похуман однос кон затворениците.

„Во руските казнени и поправни логори има луѓе кои се на работ на смртта“, истакна Аљохина. Затоа, нивната нова организација „Зона правда“ ќе биде еден вид глас на затворениците, изјави Толоконикова.

„Што се однесува до Владимир Путин, нашиот став не е променет. Ние и натаму сакаме да го правиме она за што бевме во затвор, и натаму сакаме да биде сменет од функцијата“, изјави Надежда Толоконикова. „Пуси Рајот“ се за тоа неодамна ослободениот Михаил Ходорковски да се кандидира за руски претседател.

Двете жени околу 20 месеци поминаа во затворски логори, а беа ослободени во рамките на масовната амнестија.