1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пума наскоро во француска сопственост?

Францускиот концерн за луксузна стока Пино-Прентам-Редут (ППР) сака комплетно да го преземе вториот по големина германски производител на спортска опрема Пума

Јохен Цајц, претседател на УО на Пума

Јохен Цајц, претседател на УО на Пума

Французите планираат веќе на почетокот на јули годинава да станат сопственици на Пума. Трансакцијата а важен момент во нашата стратегија за профитабилен пораст, изјави шефот на ППР Франсоа-Анри Пино. Кон овој концерн веќе припаѓаат и марки како Гучи и Ив Сен Лоран. ППР купи околу 27 проценти од акциите на Мајфер, досегашен голем акционер на Пума.

Германскиот производител на спортски артикли одамна е третиран како атрактивен кандидат за преземање. На акционерите на Пума ППР им нуди 330 евра по акција, односно со својата понуда фирмата во целост ја процени на 5,3 милијарди евра. Пино уверуваше дека Пума ќе продолжи да постои како самостојно претпријатие и дека не се планирани промени во персоналот.

Соработниците на Пума во нејзиното седиште во Херцогенаурах се изненадени од веста, која кај нив влеа несигурност. “За тоа не би сакал ништо да кажам, о-кеј?”, "За тоа не можам ништо да кажам” – ова се најчестите одговори. Шефот на Управниот одбор на Пума Јохен Цајц е задоволен од ваквиот развој и им препорача на акционерите да ја прифатат понудата: “ППР нуди идеални рамковни услови за да продолжиме на трасираниот пат. Желба на ППР-групата е Управниот одбор, менаџментот и соработниците на Пума и натаму да работат врз успешното спроведување на стратегијата на претпријатието”.

Според Цајц, фирмата сака да стане најбрана спортлајвстајл-марка на светот, а во ППР добива подршка од финансиски силен концерн. Јохен Цајц дојде на чело на Пума во 1993-та година, кога фирмата се наоѓаше пред банкрот. Во меѓувреме таа работи многу успешно, соработува со дизајнери како Џил Сандер или Филип Шратк. Лани, во годината на светското фудбалско првенство, забележа пораст од 33 насто, остварувајќи приход од 2,4 милијарди евра. Но, поради трошоците за реклама добивката беше намалена за 8 насто во споредба со 2005-та.