1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пулсирања на светската економија

Избор од економски вести

Турското стопанство минатата година забележа посилен пораст од очекуваниот: стапката изнесува 6,1 насто, а беа предвидувани 5 проценти, објави Државниот институт за статистика. Најголем пораст оствари секторот градежништво со 19,4 проценти. Индустриското производство растеше со стапка од 7,4 насто. Внатрешниот бруто-производ достигна рекордна вредност од 400 милијарди долари, односно 5482 долара по глава на жител. 2006-та веше петта последовна година на значителен стопански пораст во Турција.

САД и Јужна Кореја по долги преговори во “минута до 12” се договорија за склучување договор за слободна трговија, откако претходно рокот два пати беше продолжуван. Договорот мора да биде одобрен од парламентите на двете земји.

Францускиот градител на енергетски постројки Алстом, водечки во светот во тој сегмент, формира заедничко претпријатие со руската фирма Атоменергомаш, во кое Французите ќе имаат удел од 49 насто. Заедничкото претпријатие во Подолск кај Москва ќе произведува парни турбини за атомски централи од порграмата на Алстом за наменети за рускиот пазар, како и за извоз.

Вториот по големина светски производител на пијалоци Пепси, во борбата за освојување на поголем удел на пазарот во Кина, во наредните пет години планира да го удвои сегашниот број од 15 илјади соработници во таа земја. Американскиот концерн е присутен на кинескиот пазар од 1981-ва гопдина и досега таму има иневстирано повеќе од милијарда долари.

Седмата по големина кинеска банка Ситик од Пекинг се подготвува на берза да понуди околу 19 проценти од својот проширен капитал во акции. Минатата година на берзите во Хонгконг и Шангај се пласира кинеската банка ИЦБЦ и притоа од продажбата на нејзини акции во вредност од 22 милијарди долари. Тоа беше најголем берзански пласман на сите времиња.

Јапонската компанија Џапен ерлајнс нарача кај американскиот производител на авиони Боинг пет авиони од моделот 787 во вкупна вредност од 750 милиони долари. Од почетокот на продажбата на овој модел во април 2004-та, Боинг, конкурентот на европскиот производител Ербас, доби дури 514 нарачки.