1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пулицерова награда за роман за Северна Кореја

Среде конфликт околу атомската програма на Пјонгјанг, критичкиот роман на Адам Џонсон за животот во Северна Кореја доби Пулицерова награда.

Романот „The Orphan Master's Son“ на Адам Џонсон ја раскажува приказната за детето кое расне во дом за сираци во комунистичка Северна Кореја. Литературните критичари се воодушевени од романот во кој на 700 страници се мешаат темите шпионажа и љубов. Адам Џонсон (на фотографијата горе), инаку, е американски писател, роден во 1967 година, во Јужна Дакота и досега има добиено повеќе награди.

Четири награди за „Њујорк Тајмс“

Голем победник на Пулицеровите награди годинава е „Њујорк Тајмс“, кој освои дури четири награди. Американскиот весник ги добива наградите за „најдобра истражувачка сторија“, „најдобра репортажа“, „најдобро известување од странство“ и „најдобро објаснувачко новинарство“. Во категоријата најдобро известување од странство, наградена е сторијата на новинарот на Њујорк Тајмс Дејвид Барбоза, кој пишуваше за тајното богатство на кинескиот премиер. Што се однесува до категоријата истражувачка сторија, за најдобра е прогласена сторијата која открива  како синџирот продавници „Волмарт“ плаќал поткупи, за да стане доминантен на пазарот во Мексико.

Flash-Galerie Pulitzer Preis Medaille

Наградата е дотирана со 10.000 долари

Во категоријата репортажа за најдобар е прогласен текстот за 15 скијачи и лавината во Колорадо. „Не само што е извонредно напишана, туку има исклучително голем број на мултимедијални елементи, како видеа, галерии со слики и графикони, и тоа применети на иновативен начин“, изјави одговорниот за доделување на Пулицеровата награда, Сиг Гислер.

Во новинарската „кралска“ категорија - јавен сервис, награден е регионалниот весник „Сан Сентинел“ од Форт Логердеј во Флорида, за серијата извештаи за полицајци кои надвор од работното време возат пребрзо низ улиците на градот и со тоа загрозуваат човечки животи.

Новинските агенции Асошиетед Прес и Франс Прес ги добија наградите за најдобри фотографии.

Пулицеровите награди годинава се доделени по 97-ми пат, а дотирани се со по 10.000 долари за секоја категорија. Доделувањето на наградите е закажани за 30 мај, на универзитетот Колумбија.