1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Птичјиот грип стигна во ЕУ

Во Италија се потврдени први случаи на птичји грип. Лабораториските анализи во Падова докажаа дека барем дел од мртвите птици преселници пронајдени на југот од земјата се заразени од вирусот Х5Н1 што е опасен и по здравјето на луѓето.

Лебедите ја пренесуваат заразата

Лебедите ја пренесуваат заразата

Италијанската влада веднаш оформи кризен штаб, но истовремено апелираше да не се создава непотребна паника.

„Во моментов имаме сознание за 17 лебеди, што се пронајдени во три региони на Јужна Италија. Проблемот е најсилно изразен на Сицилија„ – појасни Министерот за здравство Франческо Стораче.

Според неговата изјава не се завршени сите тестови во лабораториите, но досегашните покажале дека барем три од угинатите птици биле заразени со опасниот вирус.

„Кога зборуваме за 17 мртви животни, тоа не значи само по себе дека сите се заразени со вирусот Х5Н1. Можно е некои од нив да се носители на многу помалку опасниот вирус Х5. Но, она што се сигурно, тоа е дека вирусот дојде кај нас!„

Италијанските експерти во текот на денот ја побија тезата на колегите од Германија дека станува збор за локално жариште на зараза. Мртвите лебеди највберојатно се дојдени од Русија, преку Балканот кон Југот на Италија. Оваа рута е додуша невобичаена, вели дикреторот на специјалната лабораторија во Падова, Штефано Марагон:

„Овие животни нормално не доаѓаат да презимуваат во Италија. Но, екстремно студената зима во Русија и на Балканот доведе до тоа овие птици преселници да заминат понатаму кон југ-запад. На почетокот на неделата тие беа видени во Бугарија, потоа во Грција а од вчера во Италија.„

Иако вирусот е опасен и за луѓето, италијанскиот Министер за здравство Стораче предупредува од непотребна паника. Конзумирањето живинско месо во Италија и понатамуе апсолутно сигурно и нема потерба од создавање психоза. Во смирувачки тон и директорот на лабораторијата во Падова:

„Во моментов практично не се заканува никаква опасност. Тоа се диви птици кои се плашат од контакт со луѓето. Важно е само оние кои ги наоѓаат мртвите птици да почитуваат минимални хигиенски правила.„

Двајцата италијански полицајци кои ги нашле мртвите лебеди не ги почитувале правила, кои подразбираат ставање ракавици и избегнување директен контакт преку кожата. Тие сега се наоѓаат во карантин!

Во меѓувреме стигна потврда за присуство на опасниот вирус и кај мртви птици пронајдени во Бугарија и во Северна Грција. И таму се воведени строки мерки на предострожност и засилени контроли при транспорт на птици. Во Индонезија пак се регистрирани два нови смртни случаи. Лабораториските наоди потврдија дека две жени кои починаа минатата недела го имале вирусот Х5 Н1.