1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Птичјиот грип се шири

Франција е првата земја во Европската унија во која птичјиот грип се пренесе и врз домашната живина. Во Германија грипот веќе се појави во четири сојузни покраини. Македонскиот министер за здравство смета дека грипот нема да ја заобиколи земјата, но место за паника нема. Кина пак, предупреди на масовно шириење на птичјиот грип со оглед на претстојната пролетна преселба на птиците.

Птичји грип - забранета зона„

"Птичји грип - забранета зона„

Во една француска фарма на мисирки, од грипот пцовисаа 400 животни, поради што беа убиени сите 11 илјади. Грипот се појави на една фарма во Версај, соопшти министерството за земјоделство. Францускиот претседател Жак Ширак на отворањето на еден земјоделски саем предупреди да не се шири паника:

„Француската агенција за општа безбедност е компетентна служба и ги презема сите неопходни мерки„. Ширак изјави дека месото од живината и јајцата воопшто не се опасни, на што укажа и француското министерство за земјоделство.

Во меѓувреме, во Германија грипот и натаму се шири. Од вчера со двата случаја на инифицирани диви птици во Бранденбург, сега се погодени четири сојузни покраини. Општинската управа во бранденбуршкиот гард Укермак соопшти дека тестот кај еден лебед и една дива патка покажал позитивен наод за постоење на вирусот Ха5Ен1. Државниот секретар во бранденбуршкото министерство за заштита на потрошувачите Дитмар Шулце сепак предупредува да не се шири паника:

„Во моментов не постои никаква опасност за луѓето. Во зафатеното подрачје се одвива акција на спречување на ширињето на грипот„.

Истовремено, министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг, најави натамошна помош на Бундесверот во битката против птичјиот грип на островот Риген:

„Ќе дејствуваме се додека е неопходно за ситуацијата конкретно да ја ставиме под контрола„.

Македонскиот министер за здравство Владо Димов пак, синоќа во Скопје изјави дека птичјиот грип веројатно нема да ја одмине ниту Македонија, но дека нема место за паника. Димов по враќањето од министерскиот состанок во Виена на земјите членки на унијата и кандидатите за членство, истакна дека министерството засега е подготвено навреме да одговори на секоја евентуална појава на вирусот на птичјиот грип. Светската здравствена организација ја вброи Македонија во таканеречената бела зона во која спаѓаат земји во кои се уште не се појавил смртоносниот вирус на птичјиот грип Ха5Ен1.

Во меѓувреме, Кина предупреди на можноста од масовно ширење на птичјиот грип. Со оглед на претстојната пролетна голема преселба на птиците, ова не може да се исклучи, изјави кинескиот министер за земјоделство Ду Квинглин. Вчера министерството за здравство јаво за два нови случаја на заболени лица од вирусот Ха5Ен1. Во животна опасност се наоѓаат едно деветгодишно девојче во провинцијата Жеијанг, и една 26 годишна жена во провинцијата Анхуи.