1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Птичјиот грип се шири во Турција

По трите смртни случаи на луѓе во источниот дел од Турција пред неколку дена,вчера беа откриени уште пет заболени од птичји грип кај Анкара

default

Портпарол на турското министерство за земјоделие за Агенцијата Франс прес синоќа изјавил дека вирусот е пронајден и кај мртви птици во европскиот дел од турската метропола Истанбул,но не е сигурно дали се работи за опасниот вид,кој се пренесува и на луѓето.

Веста пак за новите два случаи на птичји грип во градот Ван одекна само неколку часови откако во Анкара беа пронајдени тројца заболени,еден човек и две мали деца.Се претпоставува дека децата се заразиле од пајки во блиското езеро.Нивниот татко им ги предал птиците на властите на анализа.Тој се сомнева дека децата се заразиле од неговите ракавици со кои ги допирал пајките.Третиот инфициран во Анкара е возрасен човек кој исто така бил во контакт со заболена живина.

-Имаме пациент кој се вика Мустафа Цанкар.Шеесетгодишен човек кого го задржавме во болница зашто е позитивен на тестот на вирусот.Но,неговата општа здравствена состојба сега е добра.Тој се заразил откако заклал болна кокошка,изјави шефот на болницата во Анкара Махмут Коч.

И покрај вознемирувачкиот напредок на вирусот кон западниот дел од Турција,јасно е дека сите заразени биле во контакт со живина,а вирусот не го добиле преку контакт со заболен човек.

Властите стравуваат од зголемување на бројката заболени со оглед на фактот што 30 лица со симптоми на болеста се наоѓаат на испитување во болница.Инаку заразени птици се пронајдени во 11 од вкупно 81 турска покраина,и тоа не само во источниот туку и во други делови на државата.

Министерот за земјоделство Екер внимателно најави можност за воведување забрана за чување живина на отворен простор.Властите засега се ограничија главно на карантин и забрана за ловење.

Во меѓувреме делегеција од Светската здравствена организација е во Турција во најпогодениот источен регион.Гунаел Родиер,член на делегацијата,изјави:

-Најпрво го набљудувавме вирусот кај животните,кој преоѓа и кај луѓето,но засега не од човек на човек.Сепак,Светската здравствена организација одблиску ја следи ситуацијата,заради тоа што сакаме да бидеме сигурни дека вирусот нема да се се адаптира,а ако тоа се случи,ние сме подготвени зашто имаме доволно вакцини.