1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Птичјиот грип во Турција се шири

Од Анкара доаѓаат вести дека вирусот на птичји грип е регистриран и кај три лица во турскиот главен град.

default

Досега заболени имаше само на турскиот исток. Сега, освен болна живина на запад и на север, се јавува и за три заболени лица во главниот град, Анкара.

И натаму се смета дека луѓето не се заразени еден од друг, туку поради контакт со заболени животни. Координаторот на ОН за птичји грип, Дејвид Набаро, изјави:

“Сметаме дека инфекцијата се пренесува од птиците врз луѓето. Досега немаме докази за некакви промени што би не натерало да мислиме дека сме поблиску до некаква пандемија.“

Целосна забрана на приватно чување живина во цела Источна Турција, според проценките ќе ги осиромаши уште повеќе и онака сиромашните луѓе. На населението ситуацијата му се разјаснува преку летоци. Не секој селанец ја вади пред контролорите својата живина, зашто отштетата е многу мала.

Од друга страна, во болниците постојано се јавуваат преплашени луѓе и бараат да бидат прегледани. Лекарите, повеќето ги враќаат назад. Во моментов во болниците се тестираат околу 40 лица.