1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Психоанализа која ја шокираше нацијата

Беше психоаналитичарка, феминистка и авторка и имаше желба да провоцира. Мразеше конвенционалности и неслободи. Во Германија ја пишуваше историјата. Маргарете Мичерлих почина на 95 години.

Родена во 1917-та година како ќерка на дански лекар и германска учителка беше медицинар и имаше наобразба за психоаналитичар. Долги години со нејзиниот сопруг заедно работеа во оваа област. Маргарете и Александер Мичерлих: позната двојка академици, кои истражуваа, предава и пишуваа и напишаа историја.

Политика и психоанализа

Книгата „Неспособноста да се тагува“ беше провокација. Напишана во 1967-ма година, во времето на Студената војна и уште пред студентскиот револт, со неа тие ги допреа табуата кои важеа дотогаш. Тоа беше полемички текст, кој кратко потоа ги затресе и студентите, кои излегоа на улиците во Германија - не само да протестираат против старите прописи на универзитетите, туку и да го свртат вниманието на нивните родители за колективното потиснување на вината, ненадминувањето на националсоцијалистичкото време, лажното враќање кон некоја привидна реалност. Тоа беше тешка книга, многумина тогаш не ја разбраа. Маргарете и Александер Мичерлих се занимаваа со прашањето, зошто „во епохата на Третиот рајх се беше навлезено само несоодветно критички“. Тие тоа го сторија со средствата на психоанализата - со дисциплина која по Втората светска војна во Германија повеќе ја немаше. Нејзините претставници беа убиени или прогонети. Маргарете Мичерлих уште во 1950-та година во Лондон апсолвираше наобразба за психоанализа. Во 1960-та година нејзиниот сопруг во Франкфурт го основаше институтот Зигмунд Фројд, што требаше да прерасне во центар на интелектуалната полемика во Германија.

Прашањата за вината

Сведителството кое брачната двојка Мичерлих им го издаде на своите сограѓани во книгата беше горчливо и за многумина тешко сварливо: Германците биле индиферентни и рамнодушни. Им недостасувало сочувство за жртвите од националсоцијалистичкиот геноцид. Тие биле закоравени во „националистичкото вртење кон себе“. Тие се бранеле од вина, срам, и особено тага за загубите. Поголемото мнозинство на националсоцијалистичкиот период гледало како на „заразна болест во детството“ и конечно за тоа биле одговорни само Адолф Хитлер и неколкумина други водечки личности. Повторното воспоставување на едно функционално стопанство има предност во републиката, напротив формирањето на демократска држава по искуствата со диктатура и теророт не била потреба на Германците, туку била изнудена од победниците.

Светски слики

Alexander Mitscherlich

Александер Мичерлих

Тези, кои тогаш мнозинството од граѓаните во земјата не сакаа да ги слушнат и да ги земат предвид. Тогаш постоеше „економското чудо“, се гледаше во иднината, а не назад. Светската слика беше јасна - непријателот беше лево, зад ѕидот и бодликавата жица, во ГДР. Маргарете Мичерлих и нејзиниот сопруг допреа и едно друго табу: тие го критикуваа лажниот илузорен, опасен однос со последиците, од Германците испровоцираната војна, со поделбата на Германија, новосоздадените граници. Недостасуваше волја за согледување на реалноста. Авторите дијагностицираа еден „германски вид недостижното да се сака бескомпромисно“ и зборуваа за „ориентација според невистинитото“. Тези кои тогаш предизвикаа вистински вресок во широките кругови - политиката кон Истокот на Вили Брант, помирувањето со Полска и договорот со кој се регулираа односите со ГДР дојдоа многу подцна.

„Неспособноста да се тагува“ - оваа книга беше сигнал, почеток на соочувањето на Германците со нивното минато и со тоа конечно почеток на она што денеска го викаме култура на сеќавање - болни и тешки, долгогодишни напори да се биде пример за другите, напори, за кон денес многу држави ни изразуваа респект и признание.

Полемична и полна со хумор

Маргарете Мичерлих по смртта на нејзинот сопруг во 1982 година продолжи да публицира, и тоа не само книги и научни текстови. Одвреме навреме пишуваше и за женските списанија. Стана позната како интелектуалец, борец за феминизмот и во Франкфурт работеше во ординацијата за психоанализа. До последните моменти од животот од време на врме таму држела сенаси. Посетителите велат, на каучот во нејзиниот стан се наоѓала кадифена фигура - несомнено Зигмунд Фројд. Маргарете Мичерлих почина кратко пред својот 95 роденден.