1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Психичките проблеми на врвните спортисти - табу тема

Повлекувањето на угледниот фудбалски тренер Ралф Рангник поради „брнаут“ предизвика лавина реакции во германската спортска јавност. Многумина ја фалат неговата храброст отворено да зборува за психичките оптоварувања.

default

Врвниот тренер, Ралф Рангник

За телесните повреди на германските професионални фудбалери зборуваат сите и тоа без проблеми. Но, за евентуалните психички оптоварувања или заболувања на фудбалерите и тренерите и натаму не зборува речиси никој. Оваа тема останува своевидно табу во германската јавност. И тоа не без причина! Имено, ретките кои јавно прозбореле за тоа, морале да се соочат со далекусежни последици - пред се’ на полето на натамошниот професионален ангажман.

Спортскиот психијатар Валентин Марксер од Келн оценува: „Постои голем дефицит што се однесува до навременото откривање и лекување на душевни оптоварувања и заболувања кај професионалните спортисти. Во тоа спаѓа и ставот на тренерите, клубовите и јавноста кон ваквите појави!“

Валентин Марксер порано му бил терапевт на голманот на националната репрезентација, Роберт Енке, кој долго боледувал од депресија и во 2009 година поради тоа изврши самоубиство.

Hannover 96 Torwart Robert Enke sw

Поранешниот голман на репрезентацијата, Роберт Енке

 Две години подоцна, со јавното признание на славниот тренер Ралф Рангник дека страда од „брнаут синдром“, во фокусот на јавноста повторно се врати проблемот со психичките проблеми на германските професионални спортисти.

Добро е што се дискутира

Спортскиот психолог Манфред Вернер од градот Кил смета дека сегашната горлива дискусија во медиумите е добра, бидејќи на тој начин овој проблем се детабуизира. „Табуата се’ повеќе се надминуваат и тоа ми влева надеж. На менаџерите на спортските клубови треба да им се објасни дека брнаутот може да се лекува, исто како и депресијата“, појаснува Вернер.

Тој смета дека случајот со тренерот на Шалке, Ралф Рангник, е само врв на ледениот брег. Со него се согласуваат и повеќето актери на големиот фудбалски бизнис во Германија. Експертите се надеваат дека храбриот чекор на Рангник ќе ги поттикне и другите, кои се погодени од вакви и слични проблеми, отворено да прозборуваат за тоа во јавноста.

„Се надевам дека Рангник ќе остане во бизнисот и дека на менаџерите на клубовите ќе им стане јасно дека ова е проблем што може да се надмине со тек на време“,

Ralf Rangnick Trainer FC Schalke 04

Големиот стратег се повлече од сцената: Ралф Рангник

додава Манфред Вернер. „Секому од нас може такво нешто да му се случи. Брнаутот меѓутоа може да се лекува и во секој случај има шанси погодените лица да се вратат на нивните функции и работни места!“

Широка лепеза проблеми

Во последно време соочени сме со домино-ефект на овој план во германскиот спорт. Едно по друго паѓаат табуата и спортистите раскажуваат за проблемите што ги мачат како зависноста од обложување, од дроги, од спортски допинг... Сепак, повеќето тренери и фудбалери не зборуваат отворено за нивните психички проблеми, бидејќи се плашат дека ќе го загубат добриот имиџ, а со тоа и професионалниот ангажман.

Психологот Манфред Вернер појаснува дека играчите може да се охрабрат доколку бидат сигурни дека нема да бидат соочени со тешки последици, како што е на пример прекин на договорот со клубовите.

„Јавноста не е уште доволно зрела за такво нешто. Исто така ни раководителите на спортските клубови не се доволно зрели да одреагираат соодветно. Затоа врвните спортисти се плашат да зборуваат во јавноста, бидејќи ни медиумите не се на ниво!“

Конкретни лоши искуства

Професионалниот фудбалер Андреас Бирман е еден од малкутемина кои се осмелија отворено да прозборуваат за она што ги мачи.

Trainer Jupp Heynckes FC Bayern München

Почит за храброста на колегата: тренерот Јуп Хајнкес од Бајерн Минхен

Тој по самоубиството на голманот Роберт Енке јавно се произнесе за сопствените проблеми со депресија, обиди за самоубиство и лекувањето. Неговото искуство не ги охрабри останатите, бидејќи наместо да добие пофалби и поддршка, тој го загуби местото во клубот.

„Дури кога ќе почне отворено да се зборува во јавноста за душевните оптоварувања, како што се зборува за истегнатите мускули и слични телесни повреди, дури тогаш ќе бидеме сигурни дека нешто се сменило во ставот на јавноста“, оценува спортскиот психолог Валентин Марксер.

Дали на подобар третман може да се надева тренерот Ралф Рангник? Тоа ќе се види откако ќе го мине лекарскиот третман и откако ќе се врати во тренерскиот бизнис. Во моментов е отворено дали фудбалерите, раководителите на клубот и навивачите ќе успеат со почит да го дочекаат толку славниот и омилен тренер или пак ќе потонат во предрасуди.

Долг список

Изминативе неколку години имаше повеќе примери за брнаут и други психички проблеми кај врвните спортисти во Германија. Така победникот на четирите скокалници, Свен Ханавалд, мораше да се повлече во 2004 година токму поради тоа.

Mit ernstem Blick schaut Sven Hannawald nach seinem zweiten Sprung bei Skisprung World Cup am Samstag, 14. Dezember 2002, in Titisee-Neustadt. Hannawald kam auf den 17. Platz. (AP Photo/Thomas Kienzle)

Легендата на „Четирите скокалници“, Свен Ханавалд

Истата судбина го снајде и поранешниот играч на репрезентацијата, Себастијан Дајслер во 2007, како и најдобриот германски велоспиедист, Јан Улрих во 2010 година.

Доверливи статистички податоци во секој случај нема. Но, експертите проценуваат дека спортистите во просек се исто толку погодени од синдромот, кој се нарекува и „менаџерска болест“, како и другите професии. Угледниот спортски психијатар Флоријан Халсбоер, бара секој професионален спортски клуб да ангажира и спортски психолог, кој на време ќе им помогне на фудбалерите и другите спортисти да се справат со огромниот психички притисок што лежи врз нивните плеќи - покрај големиот физички напор!

Автор: Среќко Матиќ/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска

Редактор: