1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пругата кон Бугарија започнува да ја гради германска фирма

Македонската железница и компанијата Вибе од Германија го потпишуваат договорот за изведување на градежни работи за делница Куманово-Бељаковце, фаза 1 од железничката пруга на Коридорот 8 ќе биде потпишан во петок.

Во ЈП „Македонски железници Инфраструктура“ денеска (20.12) ќе биде потишан договор за градежни работи за реконструкција на железничката делница Куманово - Белјаковце на Коридорот 8, во должина од 30 километри. Таа делница е прва од предвидените три за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија.

Раководството на ЈП МЖ „Инфраструктура“ ќе го потпише со претставници на изведувачот на градежните работи, германската компанија Вибе (Wiebe GmbH&Co.Kg), во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

За реализација на проектот се обезбедени 45,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Реновирањето на железничката пруга ќе опфати поставување нови шини и прагови, изработка на осум моста од кои најголемиот ќе биде со должина од 120 метри, изградба на три станици и три објекти за сместување на постројките за регулирање на сообраќајот.

Oстанатите железнички делници за изградба на пругата кон Бугарија, што треба да биде готова до 2022 година, се Бељаковце - Крива Паланка во должина од 36 километри и Крива Паланка - Деве Баир во должина од 23 километри. За делницата Бељаковце – Крива Паланка се изготвува детална документација и според најавите, треба да почне во втората половина на 2015. За последната делница од Крива Паланка до бугарската граница документацијата треба да биде изработена до крајот на 2016 година.