1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Проширувањето не е тема пред самитот на НАТО

Неизвесно е дали проширувањето ќе се најде како тема во разговорите во пресрет на самитот на НАТО во Велика Британија. Сојузниците се преокупирани со Авганистан и состојбата во Африка.

Една недела пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција, која беше најавена како термин до кога НАТО ќе постигне согласност за агендата на следниот самит во Велика Британија, сѐ уште не е извесно дали проширувањето ќе биде ставено на агендата.

Самитот на НАТО во британскиот град Њупорт ќе се одржи во септември годинава, а извори во американската администрација најавуваа дека агендата ќе биде поставена до конференцијата во Минхен, која почнува на почетокот на февруари. Но, за проширувањето, како политички тешко прашање, се‘ уште нема согласност дали ќе биде на агендата на Самитот. Во Вашингтон во тек се постојани консултации со европските министри за одбрана, на кои се разговара за самитот. Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан, кој вчера во Вашингтон се сретна со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, а во рамки на подготовката на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд, акцентот на безбедносната соработка меѓу САД и Европа го стави на состојбите во Африка, каде Франција води воени интервенции за обезбедувањето на мирот во Мали и Централната Африканска Република, изјави дека проширувањето на НАТО не е тема на разговор на агендата.

На прашањето на Македонската телевизија за тоа дали може да се очекува проширувањето на НАТО да биде тема на следниот самит, Ле Дриан рече дека проширувањето на НАТО и Македонија во моментов не се на агендата. Министерот Ле Дриан најави дека се‘ уште не се дефинирани ниту другите теми на самитот во Британија, и додаде дека ќе се разговара за општата улога на Алијансата.

„На самитот во септември пред се‘ во прашање е да се види што треба да се стори по крајот на мисијата во Авганистан. До денес се‘ уште немаме предлог на масата. НАТО мора да дефинира која ќе му биде функцијата по Авганистан. Самитот ќе ни даде можност да ја редефинираме транс-атлантската врска, да видиме што е во надлежност на НАТО, а што во надлежност на Европската унија“, изјави Ле Дриан, во своето обраќање во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон.

Се очекува ова да биде една од темите на разговор на најавената посета на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, кој на почетокот на февруари треба да се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден. Црна Гора, заедно со Македонија, најсериозниот кандидат за членство во НАТО, би би била на агендата, доколку сојузничките земји решат воопшто да разговараат за проширувањето на самитот во Британија.