1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Проширувањето на ЕУ отсутно од претседателските избори во Франција

Во предизборната кампања во Франција проширувањето на ЕУ, скоро воопшто и да не беше споменато, а прашањето за Македонија ниту беше допрено. Но, тоа не значи дека во Франција проширувањето на ЕУ е заборавено.

Кога станува конкретно збор за политиката на проширување на ЕУ, во предизборната кампања во Франција за разлика 2007 година, кога се зборуваше многу за случајот со Турција и француските инвестиции во Маекдонија, никој јавно не ја отвара темата.

Претседателските избори во Франција, „влијаат многу врз европската агенда“, признава еден дански дипломат, поради што од пред неколку месеци се блокирани повеќе европски досиеа, меѓу нив и тоа за проширувањето. Имено, преговорите кои и беа ветени на Црна Гора нема да добијат зелено светло пред завршувањето на изборниот процес во Франција. Нешто слично како и со Македонија, но нејзиниот проблем е официјално - името.

Позициите на Саркози за проширувањето на ЕУ кон Балканот

Конкретно околу самото проширување актуелниот претседател и кандидат на владеачката десница (УМП), Никола Саркози вели дека за него е незамисливо Балканот да не биде дел од ЕУ.

Frankreich Terror Mohamed Merah Toulouse Fernsehansprache Nicolas Sarkozy

Никола Саркози

На последниот самит во Брисел пред новинарите тој потсети дека регионот на Балканот во минатото беше извор на војни во Европа и „најдобриот начин за да се смират сите видови на тензии е секоја од земјите од регионот да има перспектива да влезе во европското семејство“.

Според Саркози, Европа на седумнаесетмината од евро зоната, треба да оди кон поголема интеграција. Додека Европа на 28, вклучително и Хрватска и наскоро уште повеќе со другите балкански земји: „Треба да се движи кон еден конфедерален начин на раководење. Колку повеќе Европската унија ќе се проширува и ќе стане конфедерална, толку повеќе евро зоната ќе треба да биде повеќе економски и финансиски интегрирана“.

Франсоа Оланд со позитивна визија за проширувањето

Frankreich Wahlkampf Francois Hollande

Франсоа Оланд

Позитивна визија за проширувањето има и Франсоа Оланд, вели европратеничката Катрин Тротман задолжена за Европа во кампањата на кандидатот на социјалистите. Според неа „проширувањето е политички демарш со економски и социјални последици. Затоа дебатата за проширувањето треба да биде на дневен ред“. Односно таа предлага да и се дадат граници на Унијата. „Тоа е потребно, бидејќи без нив ќе биде тешко да се изгради идентитет или пак чувство на припадност“.

Француските социјалисти, признаваат дека Французите во однос на проширувањето, изразуваат загриженост за делокализацијата на работните места во новите змеји членки.

Случајот со Македонија отсутен во кампањата

Токму на оваа карта играат сите други кандидати од крајната левица или десница кога станува збор за проширувањето. Во претседателската кампања во 2007 Македонија беше критикувана директно поради нејзината рекламна кампања во француските медиуми во кои ги претставуваше своите капацитети за прием на странски инвестиции, што од некои кандидати беше протолкувано како „социјален дампинг“.

Во однос на земјите од Балканот, во што се подразбира и Македонија, се смета дека треба да се следи со голема внимателност процесот на реформите кои тие ги имаат започнато во правосудниот систем, борбата против корупцијата и заштитата на малцинствата.

При посетата на Стразбур во краткиот разговор со Франсоа Оланд, кандидатот на социјалистите, ни рече дека за земјите од Балканот потребно е да се промени францускиот устав, кој предвидува референдум за секое ново проширување на ЕУ по тоа на Хрватска.

Перспективите за прием на нови земји се далечни

Се разбира и во штабот на Никола Саркози и во тој на Франсоа Оланд признаваат, дека перспективите за проширување на ЕУ по приемот на Хрватска се далечни. Не случајно Европскиот парламент наскоро ќе расправа за стратегијата за проширување на ЕУ до 2025 година.

Сепак во Париз се брани идејата за прогресивно интегрирање на балканските земји во ЕУ. Разлики меѓу двата главни кандидати во пристапот кон овие земји постојат, но тие се минимални и нема да изменат ништо во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што не е случај со Турција каде нијансите меѓу двата главни кандидати се многу поголеми.