1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Проширувањето на ЕУ не е приоритет на грчкото претседателство

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос најавува дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан не се приоритет на Атина, затоа што процесот веќе се одвива во таа насока.

Презентирајќи ги приоритетите на шестмесечното претседавање на Грција со ЕУ, кое стартува од 1 јануари 2014 година, шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос напоменал дека проширувањето на ЕУ и Западен Балкан не се приоритети за Атина, бидејќи работите веќе почнале да се одвиваат во таа насока.

Истовремено, Венизелос укажал на улогата на Грција во врска со евроатланската перспектива на земјите од Западен Балкан и потенцирал дека тие се во голема мера поврзани и со односите меѓу Грција и Албанија и состаноците на официјалните лица на двете земји. Од другите земји од регионот, за Црна Гора, грчкиот министер потенцирал дека таа е доста добро позиционирана во процесот на евроатланските интеграции, а се‘ уште постојат проблеми кога се работи за евроинтеграциите на Македонија. Во однос на Србија пак, тој изјавил дека очекува таа да ги започне пристапните преговори со ЕУ, напоредно со грчкото претседателство со Унијата, кое стартува од 1 јануари 2014 година. Што се однесува до приоритетите на петтото претседавање на Грција со ЕУ, Венизелос навел дека на прво место останува пребродувањето на европската криза, потоа ќе се работи на преиспитувањето на европската конкурентност и моделот на растот, социјалната кохезија и креирањето на нови работни места.