1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Проширувањето на ЕУ најмногу зависи од Ирска

Европските избори нема да имаат големо влијание врз проширувањето на Европската Унија. Поважно е дали Ирска ќе го ратификува Лисабонскиот договор, смета Матијас Вехтер, директор на Европскиот институт за висока политика.

default

На првиот референдум, Ирците се изјаснија против Лисабонскиот договор

Матијас Вехтер е професор и директор на Европскиот институт за висока политика со седиште во Ница. Станува збор за угледна образовна институција, која влијае и врз политичките текови во Европа.

Тој е во неколкудневна посета на Македонија, како гостин на Универзитетот ФОН. Во разговорот за Дојче Веле вели дека резултатот на изборите е очекуван, а популарнсота на десницата во повеќето земји е последица на глобалните трендови, а не на одговорот што тие го нудат за справување со глобалната криза.

„Европската Унија прво мора да заврши една многу важна работа а тоа е ратификација на Лисабонскиот договор бидејќи тој ќе ја подготви Унијата за прием на нови земји членки“ – вели Вехтер.

Прогнозите за референдумот во Ирска се позитивни

Mazedonien, Menschen protestieren vor dem Regierungsgebäude, verfassungsmäßiger Name, NATO

Најголема пречка за Македонија е спорот со името (од протестите организирани во Скопје)

Тој смета дека Македонија има голем број пречки, кои го забавуваат пристапувањето во ЕУ, но и Унијата има сопствени слабости. По последниот бран проширување, Европејците се уморни од нови членки, објаснува професорот Вехтер, но се надева дека расположението во однос на тоа ќе се смени, ако Ирска го ратификува договорот од Лисабон.

„Прогнозите за Ирскиот референдум се позитивни. Партијата која најмногу го оспорува лисабонскиот договор мина слабо на изборите. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека има стабилно и цврсто мнозинство кое за залага за ратификација на договорот од Лисабон“, прогнозира професорт.

Спорот за името е една од најголемите препреки

Една од големите препреки за Македонија на патот кон Европсакта унија е спорот за името, констатира гостинот од Ница. Нема прецизен предлог како овој проблем да се надмине, но како урнек го посочува француско-германското пријателство по Втората светска војна.

„Проблемите меѓу овие две земји беа големи. Но помирување се должи на процесот на интеграција на Европа и волјата на политичарите на обете страни да се надмине ова прашање и да прерасне во трен мир, разбирање и соработка меѓу Германија и Франција“, објаснува Матијас Вехтер, професор и директор на Европскиот инстутут за висока политика.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев