1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прочистување на изборниот список

Државната изборна комисија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, денеска организира тркалезна маса на тема „Изборен процес - улогата, предизвиците и надлежностите на ДИК“.

default

На тркалезната маса ќе бидат разгледувани надлежностите на ДИК во спроведувањето на изборите и гласањето на дијаспората, како и предизвиците што ги носат предложените измени на Изборниот законик.

Македонската Влада до крајот на овој месец треба да ги достави измените во Изборниот закон, шри што најспорни и најделикатни се постапките за гласање на дијаспората, која во наредниот парлемент ќе биде застапена со тројца пратеници. Проблемот е во тоа што не се знае ниту колку иселеници има, ниту каде се доминантно концентрирани.

Освен тоа се’ уште не е исчистен изборниот список, во кој има повеќе причини за сомничавост. Имено, од два милиони и сто илјади жители околу 90 насто се гласачи. Никаде во светот нема таков сооднос, а во Македонија се сигурно околу 25 насто од населението малолетници, кои секако немаат право на глас.

Послушајте го интервјуто со шефот на Изборната комисија, Александар Новаковски, околу проблемите со Избирачкиот список, што го водеше Александар Чомовски.