1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Процесот против Мурси е одложен за јануари

Судскиот процес против соборениот египетски претседател Мохамед Мурси денеска, веднаш по почетокот, е одложен за 8. јануари идната година. Мурси изјави дека не го признава судот.

Судијата што го води процесот против поранешниот египетски претседател Мохамед Мурси и уште 14 лица, денеска го прекина судењето откако обвинетите почнале да ги навредуваат судиите, а Мурси одбил да ја облече затворската униформа. Мурси, кој во судницата беше доведен со хеликоптер, влезе во судницата во костум. Според египетските закони, обвинетите во суд треба да бидат облечени во затворска униформа.

Gerichtsprozess gegen Mursi Kairo 04.11.2013

Поддржувачите на Мурси протестираат против судскиот процес

„Јас сум легален претседател и инсистирам судот да ја прекине оваа фарса“, изјави Мурси пред судот, а другите обвинети извикуваа „Долу воениот режим!“.

Мурси е обвинет за поттикнување на убиства на демонстранти, кои протестираа против неговото владеење. Тој е првиот демократски избран шеф на државата во историјата на Египет. Властите го чуваат во притвор на тајно место, а денешното појавување пред суд бише негово прво излегување во јавност откако е уапсен.

Мурси и уште 14 лица се товарат дека ги поттикнале убиствата на седуммина демонстранти, кои на 5 декември минатата година протестирале пред претседателската резиденција. Доколку бидат прогласени за виновни, тие можат да бидат осудени на смрт или на доживотен затвор.

Судските рочишта се оддржуваат под зајакнати мерки за безбедност во полициската академија, која се наоѓа веднаш до затворот „Тора“ во Каиро. Дополнително, полицијата распореди 20.000 свои припадници низ улиците на Каиро.

Приврзениците на Морси излегоа на улиците, скандирајќи „Египет останува исламски“, а дојде и до судири со силите на безбедноста.