1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Процесот на интеграција во ЕУ загрозен од корупцијата

Меѓународната организација Транспаренси интернешнл реагира на последниот извештај на Европската комисија: Голем напредок во борбата против корупцијата во Македонија и останатите балкански земји сеуште нема.

default

Корупцијата во земјите од Западен Балкан е сеуште голем проблем што го загрозува процесот на натамошно проширување на Европската унија, констатира Транспаренси интернешнл во освртот на последниот извештај на Европската комисија.

Посебна загриженост за Македонија

Најкритична е состојбата во Босна и Херцеговина, кадешто не е постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата, констатира меѓународната организација.

Transparency International Logo

Во коментарот што е објавен од централното седиште на Транспаренси интернешнл во Берлин е спомената и Македонија.

„Во Транспаренси интернешнл постои посебна загриженост и во однос на борбата на корупцијата во Македонија со оглед на тоа што земјата веќе три години е кандидат за започнување на преговорите за членство во ЕУ “, вели Слаѓана Тасева од организацијата Транспарентност-нулта корупција. која во изјава за Дојче Веле ги пренесе оценките од Берлин.

Таа истакнува дека според согледувањата на Транспаренси интернешнл ниту една земја од Западен Балкан не постигнала значаен напредок во борбата против корупцијата.

Корупцијата го доведува во прашање успехот на интегративните процеси

„Транспаренси интернешнл значи не е задоволен со постигнатите резултати во анти-корупциската битка во државите кои настојуваат да и се приклучат на Унијата“, вели Тасева, цитирајќи ја притоа изјавата на шефот на Транспаренси интернешнл за Југоисточна Европа:

„Малиот прогрес во борбата против корупцијата го загрозува успехот на проширувањето на ЕУ“

Битката против корупцијата е прашање на интегритет на целата Унија и тоа без исклучок важи и за земјите-кандидатки . Според Тасева граѓаните во овие земји имаат право на транспарентни фер и доверливи јавни институции.

Mazedonien Regierung Sitzung

Транспаренси интернешнл бара поголем анти-корупциски ангажман од владата во Скопје

Македонија во последниот годишен извештај на Транспаренси интернешнл ја подобри својата позиција на листата од над 150 земји. Тој резултат меѓутоа анти-корупциските невладини организации во земјата го протолкуваа како незначителен напредок.И во последниот извештај на Европската комисија истотака е констатиран определен напредок во оваа сфера , но е потенцирано дека од Македонија во наредниот период се очекуваат многу позначајни резултати во битката со корупцијата.

DW.COM