1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Процесот за измачувањата во Абу Граиб почнува денеска во Манхајм

default

Скандалот со малтретирање на ирачки затвореници во озлогласениот Абу Граиб денеска и утре добива судски расплет. По барање на одбраната и поради безбедносни причини процесот ќе се одржи пред еден американски воен суд во германскиот град Манхајм. Во центарот на вниманието ќе се најде прашањето дали постои доволно доказен материјал за против четворица од вкупно седуммина до сега обвинети може да се води судски процес.

Главна фигура на судскиот процес е десетарот Чарлс Грејнер, кој на фотографиите од озлогласениот затвор во ирачкиот главен град може да се види во триумфална поза зад натрупани голи затвореници. Неговиот адвокат, Ги Вомак, вака ги објаснува фотографиите што ја шокираа светската јавност:

“На војниците им беше наредено да ги смекнат ирачките затвореници и да ја зголемат нивната готовност да ги дадат неопходните информации. Она што тие го знаеја беше важно за спасување на животите на Американците, нивните сојузници и Ирачаните. Затворениците мораа да бидт соблечени голи за да бидат пребарани, а на главите имаа црни капуљачи за да се намали можноста за бегство."

Во скандалот со измачување на ирачките азтвореници во Абу Граин беа обвинети вкупно седуммина војници. Меѓу нив е и љубовницата на Грејнер, Линди Енгланд, која е бремена и поради тоа е сослушувана во САД. До сега вината ја призна само еден од обвинетите, воениот полицаев Џереми Сивитс, за што доби казна затвор од една година. Адвокатот на Грејнер меѓутоа сака потполно да го ослободи од обвинението:

“Тој ги одбива сите обвиненија. Нашата одбрана се потпира на фактот дека тој само ги почитувал наредбите, тој морал да послуша. Според американското и меѓународното право тој се однесувал исправно.“

На десетарот Грејнер сепак му се закануваат 20 години затвор, а и неговите колеги можат да сметаат со повеќегодишни казни.

За судскиот процес во Манхајм владее голем интерес. Пријавени се преку 200 новинари од целиот свет, но од нив само 11-мина ќе можат да присуствуваат во судската сала, уште 50 ќе можат да го следат процесот на директен видео пренос пред судницата, а другите ќе останат со "куси ракави".