1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Процесот започна

По вчерашниот состанок на Контакт Групата во Виена на кој специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари ги претсетави , се појавува спор во меѓународната заедница околу брзината со која треба да се одвива процесот за решавање на статусот на Косово

Марти Ахтисари

Марти Ахтисари

Русија имено бара повеќе време да го разгледа предлогот , додека останатите членки на Контакт групата бараат на планот за решавање на статусот на Косово да му биде поставено временско ограничување.

Меѓународните посредници пак остануваат на предвиденото сценарио предлогот официјално да им го претстават на Белград и на Приштина на 2 февруари.

Иако деновиве излегоа информации дека предлогот на Марти Ахтисари предвидува своевидна надгледувана независност на Косово , тој ќе остане во тајност се до 2 февруари , кога со него ќе бидат запоснаени српските и косовските власти-потврди за ДВ Реми Дурсло , портпаролот на Ахтисари , притоа јасно отфралјќи ја можноста дека тоа би можело да биде одложено поради процесот на формирање на нова српска влада:

“Во овој момент сеуште планираме предлогот да го предадеме на 2 февруари . Нема да го чекаме формирањето на владата , барем не за поднесување на предлогот” – истакна Дурсло .

Инаку Белград и Приштина но и меѓународните претставници по објавувањето на планот би имале неколку недели да го разгледаат и да изнесат пригоцори на предлогот во нова рунда на преговори.

Конечната верзија на статусот би требало да биде формулирана во март и кон крајот на тој месец да биде испратена во ОН каде што Советот за безбедност би усвоил нова резолуција за меѓународниот статус на Косово . Вакви се плановите изјави Дурло за Дојче веле , но сепак додаде:

Реално е документот да стигне во Њујорк во март но помалку е веројатно да се најде во Советот за безбедност во предвидениот рок . Морате да сметате на најмалку две недели за превод на документот на сите јазици на земјите членки на ОН

Одложувањето што дискретно го најави Дурло , како што се дознава од дипломатски извори би можело да биде предизвикано од сосема нови причини . Имено шретставникот на Русија на вчерашниот состанок изразил резерви кон планот и побарал дополнително за негово разгледување. Од другастрана претставниците на останатите земји членки на Контакт групата, САД, велика Британија , Германија , Франција и Италија инсистирале дека на планот треба да му се стави временско ограничување.

Во меѓувреме заменикот руски министер за надворешни работи Владимир Титотв истакна дека реакциите на Белград и на Приштина на планот на специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косво ќе имаат принципиелно значење за одредување на натамошните чекори во решавање на проблемот.

Косовскиот премиер Агим Чеку пак вчера по состанокот со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на Контакт групата во Приштина се спротистави на натамошно одолговлекување на решението за статусот на Косово. Тој уште истакна дека се што досега се говори за планот за статусот преставуваат шпекулации се додека тој не биде официјално претставен на 2 февруари . Тој побара трпение и истакна дека процесот е на добар пат. Од другастрана Српскиот национален Совет на Косово соопшти дека со загриженост го чека предлот на Ахтисари за статусот на Косово поради најавите дека тој би можел да предвидува и независност на покраината . За Советот е неразбирливо тоа што меѓународната заедница во недостаток на аргументи за давање некаква независност на Косово , својот став го оправдува со можната фрустрација на Албанците и избувнувањето на насилство во покраината.

Инаку предлозите на Ахтисари им беа претставени и на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО . Покрај Авганистан , Косово беше една од темите во фокусот на нивниот вчерашен состанок во Брисел.