1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Профит во име на Алах

Исламскиот финансиски пазар е сегмент со најбрз развој во светот. Германците засега немаат многу корист од бизнисот со исламските хартии од вредност, кои се во согласност со шеријатското право, тие имаат и лоши искуства.

default

Исламска банка во Малезија

Во меѓународната финансиска бранша исламскиот финансиски пазар спаѓа во деловите со најбрз развој: годишниот раст се проценува на 15 до 20 проценти. Според меѓународните рејтинг-агенции, околу 250 исламски фондови во светот управуваат со капитал од 300 милијарди долари.

Банкарскиот експерт Михаел Салех Гаснер, кој го води порталот „Исламикфинанс“ и соработуваше на студијата на консултантската организација „Ернст и Јунг“ за исламското банкарство во Германија, смета дека во Германија постојат реални шанси за проширување на овој вид бизнис:

„Имаме четири милиони муслимани, кои не се сите религиозни, но просечните примања им се толку високи што сумата би била доволна за работа на осумдесет банки.“

Во светот постојат позитивни искуства

Во Германија и покрај тоа интересот за исламските финансиски понуди е мал. Некои банки, кои направија обид, се откажаа. Премала побарувачка, велат на пример во „Комерцбанк“. Финансискиот експерт Заид Моџадеди, шеф на Институтот за исламски бизнис во Франкфурт, смета дека откажувањето е избрзано, зашто азиските искуства покажаа дека условите на муслиманското финансиско работење се интересни и за немуслиманите:

„Тоа го покажуваат искуствата од Малезија, каде голем број немуслимани склучуваат животни осигурувања, зашто сметаат дека се транспарентни и дека се темелат на јасни правила.“

Islamische Bank in Sudan

Исламска банка во Судан

Во Велика Британија веќе со години е можно да се земе кредит за стан, куќа или автомобил во согласност со шеријатските правила. Оној кој сака да купи куќа, се обраќа во „Исламик Банк“, каде не добива кредит со камата, туку одредениот објект најпрво го купува банката и му го продава на клиентот со мало зголемување на цената, која тој ја плаќа на рати. Во Германија тоа не профункционира, зашто за купувањето на објектот се плаќа данок, и тоа двапати, еднаш го плаќа банката, еднаш клиентот.


Во стапицата на измамниците

Отежнувачка околност во Германија е и тоа што илјадници муслимани во последните години имаа лоши искуства со т.н. исламски холдинзи. Хасан Тепеѓоз, работник од Гитерслох со турско потекло, во 2000 година паднал во замката на ветувањата на наводно исламско инвестициско друштво од Турција. Фирмата делела реклама во џамиите и на верниците им ветувала високи заработувачки со благослов на Алах, кои потоа никогаш не биле исплатени. Тепеѓоз изгубил околу 23 илјади евра.

Во меѓувреме тој раководи со Здруженуието за солидарност на Турците во Европа, иницијатива која документирала околу 30 илјади случаи на измамени од страна на турско-исламскиот холдинг во цела Европа и им помага на засегнатите да тужат поради загубата на парите. Правната постапка е во полн ек, некои од штедачите веќе добиле правосилна пресуда во своја корист од турските судови. Но, најголемиот дел од нив веројатно нема никогаш повеќе да ги видат своите пари. Хасан Теперѓоз затоа веќе не им верува на исламските штедилници.

Bank in Dubai

Филијала на исламска банка во Дубаи

„Не, подобро ќе им ги дадам парите на католичката црква, на пасторот, веројатно тоа е посигурно.“

Ако исламските финансиски институции сакаат да имаат шанса во Германија, производите кои ги нудат треба да бидат рентабилни и поверодостојни. Студијата на консултантската организација „Ернст и Јунг“, која исламските финаниски институции сака да ги стави врз задолжителна правна база, во овој случај е важен чекор.

Банкарскиот експерт Михаел Салех Гаснер појаснува:

„Измами секогаш се можни, затоа е потребна држава, која цврсто ќе го пропише правото и исто толку цврсто ќе го спроведе, за да обезбеди надзор над банките, минимална транспаретност и слично. Да се потруди тие да не можат да го прават само она што тие го сакаат и своеволно да се однесуваат“, вели Гаснер.

Автор: Мартина Сабра/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски