1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Професионална и ефикасна наместо партиска администрација

Предлог законот за јавните службеници треба да значи реформа на администрацијата во насока на професионална и ефикасна, по европски терк. Какви се плановите и слабостите на сегашната јавна служба?

default

Владата на Р. Македонија

Никој точно не знае колку има вработени во јавниот сектор - државни службеници, администрација, учители, војска, полиција, ... Владата тврди околу 98 илјади, опозицијата вели дека се 25 илјади повеќе и се вработени партиски кадри по договор за дело од една година. „Бројот само на државни службеници е околу 10 илјади, но дали администрацијата е пребукирана може да се мери со критериуми на продуктивноста, а такви нема“, вели универзитетскиот професор Никица Мојсовска.

Тенденцијата во централната власт на забрзан прием по етнички клуч

Gebäude des Außenministeriums in Skopje

Министерство за надворешни работи на Македонија

„Нашата администарација е трома, неефикасна, пребукирана и немотивирана“, кажа за ДВ професорот Руфи Османи. „Ако има вишок од 50 илајди вработени во јавниот сектор и администрацијата и тоа главно се Македонци, за да се постигне некаков етнички баланс сега интензивно се примаат Албанци кои се партиски аргати, но и македонската партија на власт вработува свои луѓе.“ Професорот Османи, како незaвисен кандидат, стана градоначалник на Гостивар и веднаш го обнови својот тим во локалната власт, со млади, образовани и мотивирани кадри. Тој и професорката Мојсовска ја регистрираат тенденцијата во централната власт на забрзан прием по етнички клуч, лица кои практично примаат плата, имаат работно место, но седат дома. За реализација на правичната застапеност на етничките заедници за една година се примени околу 1.500 главно Албанци.

Zweisprachige Schule Arsenije Jovkov Skopje

Училиштето „Арсениј Јовков“ во Скопје

Таквиот непродуктивен критериум доведе никој од нив и да незанае што ќе работи, ниту каде им се канцелариите, вели Анета Додевска, економскиот аналитичар на ТВ А1. „Кревкото македонско стопанство, плус економската криза од која не е излезено, не ќе може да ги зголеми давачките и придонесите во буџетот за седум насто повеќе во споредба со ланската државна каса. Сите нови економски антикризни мерки што ги најавува владата не вклучуваат и отпуштање или редуцирање на приемите во јавната администрација“, проценува Додевска.

„Подобро е да бидеш член на партија, подобро ќе напредуваш во кариерата иако имаш и статсус на државен службеник“, вели еден од врабоетните во министерствата, кој сакаше да остане анонимен.

ЕУ инсистира на принципот на кариера во напредувањето на државните службеници

Административците се демотивирани со ниските плати, неангажирани и со висок степен на корупција. Пропаѓаат тендери за јавни набавки поради нестручна подготвеност или за манипулација со странките, пред се’ со фирмите што конкурираат и за кои најсигурен бизнис засега е спогодбата со државата, велат консултираните експерти.

Gymnaisum in Tetovo Mazedonien

Македонска полиција

Трипати е повторен тендерот за набавка на 200 градски автобуси за Скопје, а странските мултинационални корпорации се жалат на нејасните и конфузни правила за инвестициите во двата најголеми хидроенергетски системи Чебрен и Бошков мост.

ЕУ и во последниот извештај побара од македонската влада реформи во администрацијата, стручна и ефикасна, но и без партиски влијанија со секоја промена на власта. „Европа сега инсистира на принципот на кариера во напредувањето на државните службеници, што е поимун од партиски влијанија, но засега во Македонија тој единствено е применет во новите прописи за полицијата, додека во другите делови од администрацијата се гарантира работното место и статус, ако се положат тестовите за државни службеници и се добие таков ранг“, вели професорот Борче Давитковски, експерт за јавана управа.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска