1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Професии во кои најмногу се верува

Пожарникарите, медицинските сестри и пилотите се трите професии во кои Германците имаат најмногу доверба. На последните места на табелата се политичарите, продавачите на автомобили и фудбалерите.

Резултатите од најголемата студија на оваа тема во Европа, спроведена од магазинот „Ридерс Дигест“, велат дека врвното трио ја одбранило титулата. Именo, и минатата година на првите три места на табелата биле истите професии. Зад нив следуваат аптекарите и лекарите. Во Германија 95 проценти од испитаниците одговориле дека имаат голема доверба во пожарникарите. На медицинските сестри им веруваат 92 проценти од испитаниците, додека во пилотите веруваат 91 процент испитаници. Прилично висока е довербата и во аптекарите и лекарите - 87, односно 84 проценти.

На последното место на табелата се политичарите (9% доверба), а на двете места пред нив се продавачите на автомобили (11%) и фудбалерите (15%). Многу подобро не стојат ниту финансиските советници (17%).

Студијата на „Ридерс Дигест“ се спроведува ширум Европа од 2001. година и нејзините резултати се третираат сериозно од страна на експертите. Во европски рамки, професии со најголема доверба се исто така пожарникарите (93%), пилотите (88%) и медицинските сестри (85%).

При истражувањето на марките во кои потрошувачите имаат најголема доверба, во Германија во 33 категории најдобро се пласираа Аида, Алди, Алианц, Арал, Азбах, Аспирин, Канон, Центрум, Кока Кола, Ц&А, Дел, Дојче Телеком, Др. Еткер, Фрош, Харибо, Келогс, Миле, Милер, Нивеа, Нокиа, Одол, Персил, Рикер, Роткепхен Сект, Шварцкопф, Шпаркасе, Чибо, ТУИ, Виза, Водафон, Фолксваген, Вик и Ив Роше.