1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Против Данска се пишуваше фудбалската историја

Денеска во Скопје ќе играат фудбалските репрезентации на Македонија и Данска. Иако мечот е од „пријателски“ карактер, Данска е „должник“ на македонскиот фудбал со оглед на случувањата од пред 19 години

default

Репрезентацијата на Данска има особено место во новата македонска фудбалска историја. Македонија, која штотуку беше примена како членка на УЕФА, првиот свој натпревар во квалификациите за учество на Европското првенство во 1996-та година го одигра токму против Данска. Тоа беше на 7 септември 1994-та година во Скопје. Дарко Панчев беше капитен на македонската селекција. За него тоа е настан, кој не се заборава:

„Данска, дојде во Скопје како актуелен европски првак. Имаше исклучително силен тим со одлични фудбалери како што беа браќата Лаудруп, Јансен, голманот Шмајхел ... и ретко кој веруваше дека Македонија ќе може успешно да и се спротистави. Пред преполн стадион одигравме одлично. Резултатот беше 1:1, а според играта заслуживме да победиме.“

Панчев вели дека тоа беа денови, кога Македонија започна со испишување на ново поглавје од својата историја, а спортот требаше да биде еден од силните национални идентитети:

„Тоа беше медиумски настан, на кој му се даваше голем публицитет. Имено, Данците беа тие, кои влегоа на Европско првенство во 1992 година на местото на екс- Југославија, која се избори во квалификациите и станаа шампиони! Особено Најдоски и јас, кој требаше да играме на тоа Европско првенство, со нестрпливост го очекувавме овој дуел.Имаше притисок во јавноста, но не бевме

Fußball Europameisterschaft 1992 Dänemark

Данска во 1992 година стана европски првак. Михаел Лаудруп со титулата

премногу оптоварени. Репрезентацијата ја сочинуваа прекалени играчи, па мислам дека повеќе уживавме во целиот тој амбиент. Сите ние, Најдоски,Јаневски, Бошковски, Канатларовски, Марковски, Бабунски и помладите Стојковски, Мицевски знаевме како пулсира преполниот Градски стадион, колку е силно навивачкото ехо и едвај чекавме мечот да започне. Таа еуфорија брзо не понесе. Уште во 4-та минута поведовме со 1:0 со голот на Митко Стојковски. Европските шампиони долго беа на тешки фудбалски искушенија...“

Клучниот момент

Во сеќавањата на Панчев, неодминлив е еден момент, кој го смени целиот тек на тој натпревар, но и на тие пионерски квалификациони мечеви на Македонија:

„Тоа беше на почетокот на второто полувреме. Ја имав топката в нозе, бев во полуконтра,а цели десетина метри Јансен ме влечеше за дресот за да ме запре. Се обидов да се оттргнам од него. Холандскиот судија Фан дер Енде ја прекина играта и досуди фаул за нас, а под притисок на данските фудбалери, на општо изненадување на сите, мене ми покажа црвен картон. Наводно, сум имал намера да го удрам противникот. И сега, после толку време имам впечаток, дека сакаше да им помогне на Данците. Тие со играч повеќе, на две минути пред крајот искористија една наша грешка и го израмнија резултатот. Мене, УЕФА ме казни ригорозно со 4 мечеви неиграње.“

Дарко Панчев, кој во тој период го носеше дресот на Интер од Милано вели дека и нерешениот резултат од 1:1 одекнал сензационално во европските фудбалски кругови:

„Да бидам искрен, во тоа време поголемиот дел од моите соиграчи во Интер не знаеја многу за Македонија. Јас морав често да им објаснувам, дека има голем број на македонски фудбалери, кои го носеле дресот на водечките екс-југословенски клубови и на репрезентацијата. Така, кога по мечот во Скопје се вратив во Милано можев да ја почувствувам пријатната изненаденост од резултатот,кој го постигнавме. Се сеќавам, ми пријдоа Бергоми и Берти, кои беа незаменливи италијански репрезентативци со зборовите „опасни сте Вие Македонците“. Резултатот, пофално се коментираше и во италијанскиот печат.“

Mazedonien Fußballnationalmannschaft

Македонската фудбалска репрезентација

Подоцна,и во возвратниот натпревар во Копенхаген, Македонија имаше солиден настап. Данците, иако апсолутни фаворити победија само со 1:0.

„Тие квалификации има голема тежина од многу аспекти. Игравме против велесили во групата, против Шпанија, Данска, Белгија...Мислам дека таа македонска селекција имаше капацитет подолго да игра заедно, да даде повеќе. Но, се смени раководството на ФФМ, дојде нов селектор и некако лесно се откажаа од таа наша генерација“, заклучува македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев.