1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Противниците на оружјето во САД го креваат гласот

Американскиот претседател Барак Обама за свој приоритет го прогласи заострувањето на правото на поседување оружје, во што сега добива широка поддршка: повеќе илјади луѓе во Вашингтон излегоа на улиците.

Целта на собирот беше протест поради масакрот во Њутаун и поддршка на претседателот Обама во неговите обиди да ги убеди Републиканците од нужноста за заострување на правото на поседување оружје.

Неколку илјади луѓе предводени од градоначалникот на Вашингтон Винсент Греј протестираа синоќа во американскиот главен град, барајќи воведување забрана за продажба на автоматско оружје во САД.

На демонстрациите учествуваа и стотина луѓе од градчето Њутон во Конектикат, каде минатиот месец беа убиени 20 деца и шест возрасни во едно училиште.

Демонстрантите носеа натписи „Забранете го автоматското оружје веднаш“, „Стоп за НРА“, „Контрола над оружјето веднаш“, како и имиња на жртви од последните неколку напади.

Секретарот за образование во вашингтонската администрација Арни Данкан рече дека никој не сака да се одземе уставното право на граѓаните да поседуваат оружје, туку се работи за побезбедно чување и спасување човечки животи. Тој истакна дека претседателот Обама ќе направи се‘ што е во негова моќ да се донесат закони за построга контрола врз продажбата на оружје.

Во четвртокот парламентарците од Демократската партија поднесоа предлог закон за поголема контрола на правото на поседување оружје, но тој може да пропадне поради отпорот на Републиканската партија. Законот предвидува забрана за производство, воведување и продажба на повеќе од 150 различни водиви оружје, како и на магацини за оружје со повеќе од десет патрони. Приватни личности освен тоа не би смееле толку лесно да доаѓаат до воено оружје.