1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Противниците на владата го запоседнаа аеродромот во Бангкок

Ситуацијата во Талјанд се заострува. На аеродромот во Бангкок се слушнале експлозии во кои има и повредени лица. Демонстрантите не сакат преговори, туку оставка на премиерот Сомчаи Вонгсават.

default

Анти владини протести во Бангкок

Се очекува талјандскиот премиер Сомчаи Вонгсават по враќањето од самитот на АПЕК во Перу да прогласи вонредна состојба во земјата.

Од друга страна демонстрантите кои го запоседнаа главниот аеродром во Бангкок денеска повторија дека нема да седнат на преговори се додека премиерот не поднесе оставка. „Тој мора да се откаже од функцијата, а потоа од исходот на преговорите ќе зависи дали ќе се повлечеме од аеродромот“, изјави Пибоп Дончаи, од Народната алијанса за демократија, ПАД, организатор на протестите.

Експлозии на аеродромот

Според медиумите, на аеродромот во Бангкок утринава експлодирале три бомби при што има повеќе повредени лица. Уште една бомба експлодирала на стариот аеродром на којшто се одвиваат само внатрешни летови и каде тајландската влада изгради провизорно седиште. Владината зграда со месеци е запоседната од демонстрантите.

Дел од туристите неможат да го напуштат Тајланд

Поради ескалираната ситуација повеќе авиокомпании ги откажаа летовите кон Бангкок, а последниот авион оттаму кон Европа полета синоќа. Над 10. 000 патници, меѓу кои и многу странски туристи се заглавени во земјата, а голем дел од нив преноќија на аеродромот. „Не знам што се случува со мојот лет. Немаме никакви информации. Лут сум и тажен, дека седам овде со двете деца кои во меѓувреме се разболеа. Едноставно сакаме да си одиме дома.“

Thailand Protester sperren die Hauptstraßen in Bangkok

Блокади во Бангкок

Дел од туристите кои успеаа да се вратат од Бангкок со последните летови, ја опишуваат ситуацијата во земјата. „На пат кон аеродромот од едната страна имаше демонстранти, а од другата беше преполно со полиција.“ - „Бевме навистина уплашени. Но, кога стигнавме на аеродромот се чуствувавме побезбедни. Загрижени бевме поради неизвесноста дали ќе полетаме, но за среќа стигнавме живи и здрави дома.“

Демонстрантите инаку со месеци бараат смена на премиерот Сомчаи, кого го сметаат за марионета на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, со кого се во роднински однори. Шинаватра инаку беше симнат од власт во 2006 година.