1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Противник на Гадафи стана претседател на парламентот во Триполи

За првпат по 40 години Либија доби слободно избран парламент. Мохамед ал Мегариеф е избран за претседател на парламентот.

Мохамед ал Мегариф, долгогодишниот противник на поранешниот властодржец Моамер ел Гадафи е новиот претседател на либискиот парламент. Во парламентот во Триполи за него гласаа 113 од 200 пратеници. Ал Мегариф беше кандидат на партијата Национален фронт, која се смета за про-исламски настроена. Неговиот противник независниот кандидат Али Сидан освои 85 пратенички гласови.

Националнот собрание во средата, по повеќе од 40 години официјално ја презема власта и со тоа го разреши Националниот преоден совет. Во Националното собрание има три големи блокови: Исламистите, меѓу нив муслиманското братство и ултраконзервативните салафисти, Либералите и умерените под раководство на Махмуд Џибрал, кој беше премиер за време на бунтот, како и независни пратеници. Националното собрание сега во рок од 30 денови треба да назначи премиер, да усвои повеќе закони и да ја подготви земјата за новипарламентарни избори по усвојувањето на новиот устав идната година.

Мирниот трансфер на власта се смета за една од најважните етапи при демократизацијата на оваа северноафриканска земја, по повеќедецениското владеење на Гадафи, кој беше соборен од власт минатата година и потоа додека се наоѓаше во бегство убиен.