1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протест со молк и во црно за Кежаровски

Пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје (познат и како Музеј на ВМРО), денеска (23.10) напладне ќе се одржи протест со барање за ослободување на новинарот Кежаровски.

default

Протести на новинарите во мај годинава (архива)

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски во текот на вчерашниот ден повика:

„Ги повикуваме новинарите, медиумските работници и сите граѓани заедно да ја одбележиме борбата за слобода и во нејзино име да изразиме несогласување со затворската казна во траење од четири ипол години за колегата Кежаровски. Придружете ни се со молк и облечени во црно на симболичен начин да покажеме револт поради заробената медиумска слобода“, повикуваат од Иницијативниот одбор.

Новинарот Томислав Кежаровски во понеделникот (21.10) беше осуден на четири години и шест месеци затвор, поради објавувањето на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Пресудата за новинарот на весникот „Нова Македонија“ дојде по многубројните повици за неговото ослободување од повеќе новинарски организации и претставници за граѓанскиот сектор. Пред да биде осуден, Кежаровски на рочиштата порача дека никогаш не загрозил нечиј живот, туку дека само ја извршувал својата новинарска работа.

Во однос на откривањето на идентитетот на заштитениот сведок, Кежаровски неколку пати изјави дека тој е жртва и колатерална штета за да се сокрие самооткривањето на сведокот. Останатите обвинети во предметот „Ликвидација“, меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години.