1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протест против смртната казна за христијанскиот свештеник од Иран

Повеќе западни земји протестираа против смртната казна за Јусуф Надархани, кој пред повеќе години преминал во христијанска вера.

default

Пасторот Надархани ја примил христијанската вера кога имал 19 години, а сега е на возраст од околу 35 години и проповеда во малата евангелистичка заедница, наречена Црквата на Иран. Надархани беше уапсен во 2009 година и осуден на смрт. Пресудата можеше да му биде заменета доколку тој ја признаеше својата грешка и се откажеше од христијанството. Надархани одби да се повлече од христијанската вера.

Против оваа смртна кaзна досега протестираа првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон, Стејт департментот на САД и полското претседателство на ЕУ. Германија на иранскиот вршител на должноста во амбасадата во Берлин му врачи протестна нота против смртната казна за пасторот.

Адвокатот на Надархани изрази надеж дека Апелацискиот суд ќе ја укине смртната казна. „Се очекува во текот на викендот судот да се изјасни за ова прашање“, изјави адвокатот. Според него, пасторот има 95 процентни шанси да биде ослободен.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска