1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протест против празните зборови

Македонците од Бугарија протестираат пред Европскиот парламент во Стразбур. Тие бараат почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во врска со македонското малцинство во Бугарија.

default

Со скандирање на името на нивната нерегистрирана партија – „ОМО Илинден-Пирин“, со пеење македонски народни песни и со испишани пароли на англиски јазик, со кои бараат почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, ставање крај на двојните стандарди и пред се‘ признавање на Македонците како малцинство во Бугарија, околу 100-тина членови на партијата, го одржаа, првиот во историјата, мирен протестен собир на Македонците од Бугарија пред европските институции, поточно Европскиот парламент во Стразбур.

Тие допатуваа директно од Бугарија во Стразбур со цел да укажат и да го привлечат вниманието на европските политичари и јавност, дека Бугарија не ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права, во врска со македонското малцинство.

Протестот во Стразбур на „ОМО Илинден-Пирин“ се одржа за време на расправата во Комитетот на Министрите на Советот на Европа, за тоа како Бугарија ги спроведува предметите „ОМО Илинден“ и „ОМО Илинден-Пирин“. Имено, Комитетот на министрите и пред се‘ Бугарија, се движат во насока на затворање на случаите како „решени“ и покрај тоа што партијата на Македонците во Бугарија се‘ уште не е регистрирана.

„Затоа ние доаѓаме да протестираме, да го кажеме својот став дека нема реални аргументи за затворање на случајот. Воопшто не е доволно тоа што го има изјавено бугарскиот претставник во Комитетот на министрите, односно изразувањето добра волја дека не се против нашата регистрација. Тоа се празни зборови, кога гледаме што паралелно се случува. Се одбиваат и натаму

Mazedonier aus Bulgarien protestieren in Straßburg

Од протестите во Стразбур

регистрациите на организации со став дека самото тврдење за постоењето на македонско малцинство е антиуставно и дека тоа е закана за единството на бугарската нација“, изјави за Дојче веле, претседателот на „ОМО Илинден-Пирин“ Стојко Стојков.

Протестите продолжуваат и денеска

Протестот пред Европскиот парламент, доби поддршка од европратениците од Европската слободна алијанса, чија членка е партијата „ОМО Илинден-Пирин“, иако не е регистрирана. За време на протестот во еден момент членовите на „ОМО Илинден-Пирин“, добија поддршка од група Италијанци кои беа дојдени во Стразбур да побараат поголеми слободи за печатот во Италија.

Мирниот протест продолжува во текот на целиот денешен ден (15.09.2009) пред зградата на Советот на Европа, каде оваа недела заседава Комитетот на министрите на Советот на Европа, при што ќе се расправа и за спроведувањето на одлуките на Судот за случајот на „ОМО Илинден – Пирин“ од страна на Бугарија.

Пред неколку дена, Парламентарното собрание на Советот на Европа уште еднаш повтори дека сите четири предмети не се целосно спроведени од страна на Бугарија и дека тие треба внимателно да се следат.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина