1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Протест на селаните-млекари во Германија

Селаните престанаа да испорачуваат млеко - со него ја хранат стоката или го истураат - и бараат повисоки откупни цени. Колку заработуваат тие, а колку преработувачите и трговците? Кој е одговорен за варирањето на цената?

default

Наместо во млекарници, селаните во знак на протест со млеко ја хранат стоката

„Најрадо купувам био-млеко, од крави кои уште се среќни“, вели една купувачка. Но, кој сака млеко од луксузна категорија, мора за литар да плати едно евро и 19 центи. Обичното свежо млеко во супермаркетите чини од 55 центи до речиси едно евро, во зависност од квалитетот. Мнозинство од потрошувачи во Германија се согласни: добро е она што е поволно, оти нешто друго многумина не можат или не сакаат да си дозволат: „Но, ако сите одат и купуваат толку ефтино, не треба ни да се чудат ако поради тоа настануваат проблеми“.

Проблеми, според сопственото мислење, имаат пред се’ селаните - млекопроизводители. Тие велат дека со 28 до 34 центи, колку што добиваат од млекарниците за литар млеко, веќе не можат да ги покриваат производствените трошоци и бараат до 43 центи. „Сметам дека е оправдано селаните да добијат соодветна цена. Мислам дека не е наместо дисконтерите млекото да го нудат толку ефтино на товар на селаните“ - коментира една жена.


Трговците ги диктираат цените


Големите фирми со синџири од супермаркети имаат одредена моќ на пазарот. Тие преговараат со млекарниците околу цената за откуп, и ако некој издејствува посебно ниска цена, и другите настојуваат да го постигнат истото. „Владата сигурно би можела да го регулира, но за што се’ би требало тие да се грижат?“ се прашува оваа граѓанка.

Владата мора да ги следи директивите на ЕУ: во 1984-та насекаде беа воведени квоти - колку млеко смее да произведува секој селанец. Така требаше да се избегне хипер-продукција и цените да останат стабилни. Но, до 2015-та квотите треба да се укинат и тогаш сите селани во Европа ќе можат да произведуваат млеко колку што сакаат. Ако има многу млеко, ќе паднат цените. Тоа, пак, ќе ја зголеми потрошувачката, што ќе влијае за пораст на цените на млекото. Ако поскапе млекото, ќе падне побарувачката... и така се’ во круг.

Но, германските селани одвај да профитираат од фазите во кои млечните производи се скапи. Добивките остануваат кај трговијата на мало. Поради тоа селаните посакуваат еден вид фиксна цена на млекото. Тоа сакаат да го постигнат со штрајк и до тогаш ќе го истураат млекото. Што мислат граѓаните? „Се разбира дека сум сосем против тоа. Тогаш тие треба млекото да го поделат на домови за деца или слично“. „Но, како да се бранат селаните? Затоа, мислам дека е в ред“.

►◄