1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протест на гола феминистка на изборите во Чешка

ЕМФ
13 јануари 2018

Инцидент на претседателските избори во Чешка: полугола активистка на Фемен му се втурна на Милош Земан во моментот кога тој требаше да гласа.

https://p.dw.com/p/2qnWj
Tschechien Wahl - Femen-Aktivistin greift Zeman an
Фотографија: Reuters/D. W. Cerny

Без облека на горниот дел од телото и натпис „Земан - к..ва на Путин“, активистка на организацијата за права на жените Фемен му се втурна на чешкиот престедател Милош Земан во моментот кога требаше да го даде својот глас на претседателските избори. Телохранителите на 73-годишниот Земан веднаш ја совладаа младата жена и го одведоа Земан на безбедно.

Погледнете како тоа изгледаше:

„Гол протест“ против Земан

Фаворитот на изборите кои почнаа вчера, а завршуваат денеска, се врати по неколку минути за да го даде својот глас и рече дека се чувствува „почестен“ што исто како папата бил мета на активистка на Фемен. Земан инаку важи за проруски настроен. Тој имаше средба со рускиот претседател Путин во ноември, во Сочи.

Организацијата Фемен за време на кризата околу Крим протестираше против руската анексија на полуостровот. Земан во октомври минатата година ја означи анексијата на Крим како завршена работа.