1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протест на плоштадот Македонија во Скопје

Демонстрантите денеска мирно бараат зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, и протестират против изградбата на било каков објект на плоштадот.

default

на плоштадот да нема изградба на објекти, барање на протестот

Над 300 луѓе денеска (11.04.2009) започнаа протест на плоштадот Македонија во Скопје, што е дел од најавуваниот целодневен настан „Плоштад Слобода“.
Демонстрантите со свирчиња и тропање мирно бараат зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, и протестират против изградбата на било каков објект на плоштадот.
Протестот го обезбедуваат засилени полициски сили од редовниот состав на полицијата.
Акцијата ја покренаа над 30 невладини организации од Македонија и индивидуални активисти, поттикнати од случувањата на 28.март на плоштадот Македонија, кога група граѓани, кои протестираа против изградба на црква на плоштадот беа физички нападнати од друга група, поддржувачи на идејата за изградба на христијански верски храм.

ЖА/макфакс/миа