1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протест на новинарите од Перо Наков

Дел од новинарите од весниците на Велија Рамковски денеска на протести пред зградата на А1 телевизија побараа исплата на заостанатите плати и придонеси. Добија поддршка од новинарскиот Синдикат

default

Десетина новинари од редакциите на весниците "Шпиц", „Време“ и „Коха е Ре“ протестираа попладнево пред зградата на телевизијата „А1" барајќи да им се исплатат заостанатите плати и придонеси.

Управителот на "Плус продукција", фирмата која ги издава трите весници, ги информирал вработените дека весниците дефинитивно згаснуваат и дека ќе одат во стечај. Своите побарувања вработените ќе мораат да ги бараат во стечајната постапка.

Проценка на Самостојниот синдикат на новинарите е дека околу 150 медиумски работници од весниците и магазините, чиј неформален сопственик е обвинетиот бизнисмен Велија Рамковски, ќе останат без работа.

Автор: КД/дв

Редактор: Борис Георгиевски