1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протест на новинарите во Македонија

Денеска (04.05.09) напладне новинарите во Македонија ќе одржат протест на плоштадот во Скопје. Протестот се одржува под мотото „За достоинството на новинарите, за достоинството на професијата“.

default

Скопје

Здружението на новинарите на Македонија на плоштадот во Скопје организира протест под мотото „За достоинството на новинарите, за достоинството на професијата“. Новинарите на овој начин сакаат да го демонстрираат своето незадоволство од условите во кои работат. На вчерашниот (03.05.09) Светски ден за слободата на печатот тие укажаа на состојбата во медиумите во Македонија.

Во последниот извештај на организацијата „Фридом Хаус“ Македонија беше оценета како делумно слободна земја. Македонија со добиената вкупна оценка 47, го дели 98 место заедно со Босна и Херцеговина, од вкупно 195 држави рангирани во извештајот на непрофитната организација со седиште во Вашингтон.

DW.COM