1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Протест на македонските матуранти

*

Македонските матуранти денеска повторно протестираа пред министерството за образование и наука во Скопје, поради несогласувањето со владината одлука матурата да се полага од оваа учебна година. Михаил Младеновски од иницијативниот одбор изјави дека тие биле решени и на компромис, но министерот Рушити потоа изјави дека матурата нема да се одлага. Младеновски тврди и дека дека во неколку училишта денес учениците биле затворени внатре и им било забрането да излезат пред завршување на часовите. Демантираше дека зад протестот стои некоја политичка партија. Не се знае дали протестите ќе продолжат и утре.

Денеска во Македонија, започна и новата академска година. По тој повод е отворен и нов Универзитет во Штип кој во првата година брои седум факултета и една висока здравствена школа.