1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести против исламизација на Велика Британија

Полицијата во Лондон уапси над 160 лица – тоа е билансот од синоќешните протести на стотици антиисламски активисти и илјадници контрадемонстранти во една од најголемите муслимански заедници во Велика Британија.

За ставање ред во протестите беа искористени 3.000 полицајци. Полицијата формираше кордон низ улиците со цел да спречи марширање на екстремнодесничарската Англиска одбранбена лига во општината Тауер Хамлетс, која всушност претставува голема муслиманска заедница. Маршот беше организиран „против изламизацијата на Велика Британија“. Полицијата направи кордони и за спречување на контрадемонстрантите муслимани.

Во демонстрациите се уапсени 150 контрадемонстранти, откако групата го проби полицискиот кордон и тргна кон Тауер бриџ, каде беа запрени демонстрантите од Англиската одбранбена лига.

Лондонската полиција индормираше дека другите уапсени лица биле приведени поради насилно однесување, поседување на ножеви и распрскувачки материјали, а еден 30-годишен маж бил уапсен поради убедување на останатите демонстранти за пробивање на кордоните. И покрај високиот број на уапсени лица, полицијата информира дека сепак не дошло до посериозни судири. „Полициското присуство успеа да ги задржи одделени двете групи“, забележуваат од лондонската полиција.

Дел од британските парламентарци пред маршот и’ поднесоа писмено барање на полицијата да ги забрани протестите, бидејќи се плашеа дела повторно би можеле да се повторат насилните судири од 2011 година меѓу членови на Англиската одбранбена лига, полицијата и антифашистички групи. Британската полиција одговори дека секој има право да протестира, ако притоа не го нарушува јавниот ред и мир.