1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Протести против анти-терористичката политика на шпанската влада

Повеќе десетици илјади луѓе во Мадрид протестираа против анти-терористичката политика на шпанската влада. Тие го обвинуваат шпанскиот премиер, Хозе Лус Запатеро, дека не дејствува доволно решително против баскиската теористичка организација, ЕТА. Демонстрантите бараа забрана на партиите блиски до ЕТА. Освен тоа, се бара и оставка на Запатеро. Сепаратистите на ЕТА во јуни прогласија 14 месечен прекин на огнот. Претходно владата ги прекина мировните преговори со ЕТА поради напад врз аеродромот во Мадрид, во кој загинаа две лица.