1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести пред инаугурацијата на Путин

Повеќе илјади луѓе во Москва протестираа пред утрешната инаугурација на Владимир Путин за претседател на земјата.

Опозиционите лидери протестниот марш во Москва го најавија како „Марш на милион луѓе“. Сепак, на еден час пред почетокот на протестот, собрани беа околу осум илјади демонстранти. Бранот на протести по парламентарните избори во Русија, во декември минатата година, пружи увереност кај опозицијата дека би можеле да остварат промени во земјата. Сепак, по победата на Путин на претседателските избори во март годинава, се‘ поголеми се сомневањата во тоа дали опозицијата може да го одржи притисокот врз Кремљ.

Инаку, Владимир Путин на утрешната (07.05) свеченост во Кремљ ќе биде инаугуриран на функцијата што веќе ја има извршувано претходно во два мандати - од 2000. до 2008. година. Потоа четири години беше премиер на земјата. Кон крајот на 2009 година, на предлог на претседателот Медведев, мандатот на претседателот на државата е продолжен од четири на шест години, што беше оценето како директна услуга за Путин.

Се очекува Путин, веднаш по стапувањето на должност, на рускиот парламент да му го предложи кандидатот за премиер, а гласањето е најавено за осми мај. Според најавите на Путин, тој ќе го предложи Медведев. Владимир Путин, според уставот, има право да се кандидира уште еднаш за функцијата претседател на земјата, а Медведев неодамна, во едно интервју за руските телевизии, изјави дека тандемот „ќе постои уште долго“.